МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

16 јуни 2021

16 јуни 2021

Социјалната реформа која ја донесовме во 2019 година, донесе бројни придобивки за граѓаните од ранливите категории. Во време на пандемија го олеснивме пристапот до Гарантирана минимална помош и образовен додаток. Но, целта не беше само нивен влез во системот на социјална заштита, туку нивно препознавање и активирање на пазарот на труд. Заедно со УНДП и Агенцијата за вработување на Северна Македонија креиравме и реализиравме програми и мерки за обуки, практиканство, доквалификации, преквалификации, самовработување со цел овие лица да излезат поконкурентни и поатрактивни на пазарот на труд, рече министерката Шахпаска, на состанокот со заменик амбасадорот на Кралството Норвешка во Белград задолжен и за Северна Македонија, Гир Хакон Јохансен и Нарин Сакахјан, постојана претставничка на УНДП во земјава.

– ТТК Банка и Халк Банка се стекнаа со сертификатот „Фер финансиски услуги за потрошувачите“, кој претставува потврда дека банките се ориентирани кон почитување на правата на потрошувачите и дека посветено се грижат за задоволството на потрошувачите во сите области на делувањетo.

– На денешната Планирачка конференција за големата претстојна НАТО вежба „Северна Македонија 2021“ во Охрид, беа истакнати осознаените согледувања, насоките со сублимирање на заклучоците за реализација на предвидените НАТО активности и за улогата на Центарот за управување со кризи (ЦУК) како лидер во организацијата и домаќин во име на државата.

– Во организација на Американското катче Битола, заменик – претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров денеска имаше виртуелна средба во форма на градско собрание (Youth Town Hall) со младите од регионот на Битола и Струга, наменета за воспоставување транспарентен разговор на теми поврзани со Европската Унија и пристапувањето на Северна Македонија.

– Претседателскиот центар за политичко образование во соработка со Фондацијата „Фридрих Еберт“ – Скопје денеска организиаше конференција на тема  „Критична инфраструктура: ЕУ димензија, закон, стратегиски и институционален пристап“. Говорејќи за динамичните промени и растечката непредвидливост со која со соочува целиот свет, претседателот на Северна Македонија, Стево Пендаровски во своето воведно обраќање нагласи дека новите асиметрични закани и зачестените природни и од човекот предизвикани непогоди и катастрофи ја зголемуваат ранливоста на критичната инфраструктура и со тоа ги загрозуваат виталните функции на државата и општеството.

–  Бугарскиот претседател Румен Радев денеска во Софија имаше состанок со амбасадорите во државите членки на ЕУ, Швајцарија и во САД, при што нагласил дека државата ја поддржува европската перспектива на Република Северна Македонија.

 Францускиот премиер Жан Кастекс на прес конференција најави олеснување на здравствените ограничувачки мерки во земјата, почнувајќи од утре 16 јуни, јави дописникот на МИА.

Разговорите меѓу американскиот и рускиот претседател – Џозеф Бајден и Владимир Путин почнаа денеска во Женева во тесен формат.

Македонскиот премиер Зоран Заев, денеска, во Владата, на средба со претседателот на Националната боксерска федерација Примислав Димовски и претседателите на боксерските сојузи на Србија, Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина и нивни членови, како дел од Регионалната боксерска лига основана неодамна, разговараа за унапредување на регионалната и меѓународна соработка преку спортот, како значајна поддршка во промоцијата на заедништвото, толеранцијата и меѓусебното разбирање.

Back to top button
Close
Close