МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

16 јуни 2021

16 јуни 2021 

– И со дополнителната еколошка такса од 3,5 денари која ќе се влева исклучиво во Буџетот, нафтата ќе биде најевтина во Северна Македонија. Секоја поплака на ова поле не држи вода, само покажува решителност на Владата да чекори во правец на зелената агенда, порача денеска премиерот Зоран Заев.

Министерот за надворешни работи денеска се обрати на Глобалниот безбедносен форум „ГЛОБСЕК 2021“ во Братислава, на тема „Геополитичката Европа на крстопат: Западниот Балкан во Ера на Пост-Ковид-19″, соопшти МНР.

– Ги разбивме сите лаги, дури и од шефот на опозицијата, дека ќе има 18 или 19 отсто поскапување на струјата сега, во јуни и јули. Тоа не е точно. Поскапување на струјата за домаќинствата нема да има до крајот на 2021 година, рече денеска премиерот Зоран Заев.

– Дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони, денеска одржа јавна дискусија на тема „Јасни правила и дефиниции за подобни инвестициски трошоци и поефикасен систем за исплата и следење на државната помош“. Директорот на ТИРЗ, Јован Деспотовски, во изјава за медиумите рече дека со Советот за странски инвеститори и со преставниците на компаниите е дискутирано како да се подобри системот за користење и следење на државната помош.

– Министерската за надворешни работи на Холандија, Сигрид Каг, одржа дебата со пратениците од парламентарната комисија за европски прашања, меѓу другото за можноста за зелено светло за првата меѓувладина конференција со Албанија и Северна Македонија на 22 јуни, јави дописничката на МИА од Брисел.

– Земјите членки на ЕУ денеска се согласија за воведување дополнителни санкции против седум лица од Белорусија во врска со случајот со присилното слетување на авионот на „Рајан ер“ во Минск.

Московскиот градоначалник, Сергеј Собјанин, денеска  нареди воведување задолжителна вакцинација против коронавирусот за сите вработени во услужниот сектор, како дел од борбата против драматичната епидемиолошка ситуацијуа во рускиот главен град.

Разговорите меѓу американскиот и рускиот претседател – Џозеф Бајден и Владимир Путин почнаа денеска во Женева во тесен формат.

Фудбалерот за врска Бернардо Силва може да го напушти Манчестер сити во текот на летниот преоден рок. Според „Мундо Депортиво“, Силва има понуда од Атлетико, но тој повеќе сака да се пресели во Барселона, која исто така изразува интерес за трансфер на играчот.

Back to top button
Close
Close