МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

15 јуни 2021

15 јуни 2021

– Тркалезна маса на тема „Креативна Европа – перспективите на Западен Балкан“ се одржa денеска во Младинскиот културен центар (кино „Фросина“) која учествуваат претставници од организации поддржани од пилот-акцијата на програмата Креативна Европа – потпрограма Култура, посветена на културната соработка со земјите од Западен Балкан. На настанот се обратија министерката за култура Ирена Стефоска и амбасадорот на ЕУ во земјата Дејвид Гир.

 Под мотото „Вон ѕидовите“ на 26 јуни во Скопје ќе се одржи втората парада на гордоста во организација на Националната мрежа против хомофобија и трансфобија.

– Над 90 инфраструктурни проекти во вкупна вредност од 49,7 милиони евра ќе бидат реализирани со средствата што беа наменети за изградба на карго аеродромот во Штип.

– За случајот 27 април се изнесуваат невистини. Критиката од опозицијата е секојдневна, но ниту една нереална критика која што не е заснована на факти, не допира до мене. Политиката кај мене нема влијание, рече денеска во претседателката на Уставниот суд, Добрила Кацарска.

– Бев изненадена кога слушнав дека на вас новинарите ви е забрането да влегувате со мобилни телефони на седниците на Судот. Тој проблем е решен, кога дознав за тоа веднаш дадов налог на генералниот секретар и веќе е известено внатрешното обезбедување дека од наредната седница ќе влегувате слободно со вашите мобилни телефони, изјави денеска претседателката на Уставниот суд, Добрила Кацарска.

– На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 259.935 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 3.222 граѓани, а вкупно се вакцинирале 4.840 граѓани. Вкупно досега се аплицирани 452.424 дози вакцини, а ревакцинирани се 193.029 граѓани.

Придобивките од 5Г технологијата се големи – за дваесет пати побрзо преземање на филмови и музика и истовремено поврзување на повеќе уреди, а ќе се овозможат и нови сервиси кои сега се незамисливи. Освен за граѓаните новата техологија ќе има и широка примена во индустријата, автоматизацијата, роботиката и целокупната дигитализација на сите сфери од општеството.

-Новата рунда дијалог меѓу Белград и Приштина на највисоко ниво, во која за првпат се среќаваат српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Албин Курти, заврши во Брисел, јави дописникот на МИА од Белград.

Бугарската влада работи на план за одговор за можен следен бран на коронавирусот до крајот на годината, стана јасно за време на прес-конференцијата на привремената влада по повод 30 дена од нејзиното основање.

– Францускиот суд денеска и наложи на шведската компанија ИКЕА да плати казна од милион евра поради шпионирање на вработените, откако најголемиот светски трговец со мебел беше прогласен за виновен за неправилно собирање и чување на податоци за своите вработени.

– „Групацијата Вашингтон прајм“ (Washington Prime Group), сопственик на трговски центри на повеќе од 100 локации во САД, поднесе барање за банкрот, а како причина ги наведе последиците од рестриктивните мерките за време на панемијата со Ковид-19.

Капитенот на француската фудбалска репрезентација Уго Лорис проговори за претстојниот натпревар на ЕВРО 2020 со германскиот тим. Имам добри и лоши спомени од натпреварите помеѓу Франција и Германија. Ова е класична конфронтација на европско и глобално ниво. Важен натпревар, бидејќи ова е првото коло во групата. Триото Бензема-Гризман-Мбапе? Ова се врвни играчи кои покажаа стабилност низ годините. Како прво, Антоан и Карим, бидејќи Килијан е сè уште многу млад, дури и ако веќе има постигнато многу. Разбирам зошто нашите противници се плашат од ова трио, изјави Лорис.

 

Back to top button
Close
Close