МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

14 јуни 2021

14 јуни 2021

Повеќе домашни компании од агросекторот и прехранбената индустрија ќе ги презентираат своите брендови, а посетителите ќе имаат можност да ги почувствуваат вкусовите на македонските вина, сирење, кашкавал, ајвар, мед, мармалади и други производи кои се наши познати брендови, во рамки на Неделата на македонски производи, што од денеска до 18 јуни се одржува во просториите на Стопанска комора на Романија, во Букурешт.

Во Стопанската Комора на Букурешт во Романија од денеска до 18 јуни е отворена „Неделата на македонски производи“, каде што се изложени штандови со брендови од прехранбената, млечната, кондиторската и винската индустрија од повеќе македонски компании.

– Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа се направени 1.337 тестирања, а регистрирани се четири нови случаи со Ковид-19 од кои три во Скопје и еден во Прилеп. Пријавено е едно починато лице од Скопје (66 г), во болнички услови, соопшти Министерството за здравство.

– Над 9000 странски туристи ја посетиле земјава во април годинава, а од почетокот на годинава 42 586. Објаените податоци на Државниот завод за статистика покажуваат дека од странските туристи во април, чиј број е 9103, најголем дел биле од Турција и Србија, а најпосетена дестинација била Скопје.

– Министерот за надворешни работи, Бујар Османи во рамките на лидерскиот НАТО Самит на земјите членки на Алијансата во Брисел, оствари средба со неговата холандска колешка, Сигрид Кааг, што воедно претставува и нивна прва средба, откако неодамна Кааг ја презеде функцијата министерка за надворешни работи на Холандија.

– Неколку косовски медиуми денеска објавија дека претседателката на државата Вјоса Османи побарала оставка од претседателката на Централната изборна комисија на Косово (ЦИК), Ваљдете Дака, недолго пред наредните локални избори во земјата, кои треба да се одржат оваа есен, јави дописникот на МИА од Приштина.

– Бугарија секогаш покажувала искрена волја и напори за конструктивен и прагматичен дијалог со Република Северна Македонија и ќе продолжи во оваа насока, изјави бугарскиот премиер Стефан Јанев за време на средбата со грчкиот амбасадор во Софија Димитрис Хронопулос.

– Францускиот државен секретар за европски прашања Клемент Бон се заканува дека Париз ќе реагира во случај на непочитување на договорите за Брегзит од страна на Велика Британија, јави дописникот на МИА.

– Над 150 луѓе загинаа во близина на брегот на Јемен, објавија денеска јеменските медиуми.

– Лидерите на НАТО ќе ја прошират примената на клаузулата за колективна одговорност односно членот пет од Договорот за основање на Алијансата „сите за еден, еден за сите“, така што членките на Алијансата ќе бидат подготвени да одговорат на вселенски напади, изјави денеска генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

Легендарниот дански голман Питер Шмајхел проговори за ситуацијата со натпреварот Данска – Финска (0:1) во првото коло од групната фаза на ЕВРО 2020 по срцевиот удар на играчот од средниот ред Кристијан Ериксен.

 

Back to top button
Close
Close