МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

11 јуни 2021

11 јуни 2021

– Државниот пазарен инспекторат изрече забрана за работа на компанијата „Евротим“ од Кичево, поради отстапки во кавлитетот на мазут, утврдени при дополнителните анализи.

Од почетокот на 2021 година до Агенцијата за пошти биле поднесени вкупно 30 претставки од корисниците на поштенските услуги, што според директорката на Агенцијата, Билјана Аврамоска Ѓореска, во овој период бројот на поднесени претставки е двојно зголемен во однос на изминатите години.

– Во македонски услови каде свесноста за човековите права не е на особено високо ниво и надвор од вонредна состојба, голема е веројатноста државата да ги нема на ум или лесно да донесува одлуки за ограничување на човековите права, истакна Драгана Дрндаревска правничка и активистка за правата на маргинализираните заедници, на денешната онлајн промоција за истражувањето на влијанието што мерките за справување со Ковид-19 го имаат врз човековите права на маргинализираните заедници насловено „Човековите права на маргинализираните заедници во услови на Ковид-19“.

– Директорот на државниот Архив, Емил Крстески и македонскиот амбасадор во Белград, Александар Поповски денеска на средби во Архивот на Југославија и Државниот архив на Србија во Белград постигнаа договор за интензивирање на дигитализацијата на архивската граѓа.

– Дирекцијата за технолошко индустриски развојни зони воведе нов пристап во поттикнувањето на странските инвестиции кој подразбира не само да се донесат инвестиции со подобар квалитет, туку и инвестиции од кои придобивки ќе имаат сите граѓани преку стимулирање на рамномерен регионален развој, најави директорот на Дирекцијата за ТИРЗ Јован Деспотовски.

– Во последните 24 часа се направени 2.885 тестирања, а регистрирани се 20 нови случаи на Ковид-19. Пријавени се две починати лица и 30 оздравени пациенти, соопшти Министерството за здравство, повикувајќи се на податоците од Институтот за јавно здравје.

– Ќе се интензивира изградбата на железничката пруга Софија – Скопје, најавија денеска генералниот директор на Јавното претпријатие за железничка инфраструктура „Железници на Република Северна Македонија“ Хари Локвенец и неговиот бугарскиколега Красимир Папукчиски, генерален директор на Националната компанија за Железна и патна инфраструктура (ДК НКЖИ) на Република Бугарија.

– Директорот на Граничната полиција на Босна и Херцеговина, Зоран Галиќ денеска изјави дека од почетокот на годината спречени со повеќе од 2.300 луѓе илегално да ја преминат границата.

– Германската канцеларка Ангела Меркел на 15 јули ќе има средба со американскиот претседател Џо Бајден во Вашингтон за да ги потврди длабоките билатерални односи меѓу двете земји, објави во петокот портпаролката на Белата куќа, Џен Псаки.

– Лидерите од Групата седум најразвиени економии во светот на средбата во Корнвол ќе ја разгледаат можноста за прераспределба на 100 милијарди долари од резервите на Меѓународниот монетарен фонд, а со цел да им се помогне на државите најмогу погодени од ковид-кризата, соопшти Белата куќа.

– Здравствените власти на Чиле најавија дека повторно ќе го затворат главниот град, Сантјаго поради зголемен број на новоинфицирани лица со Ковид-19.

Македонскиот фудбалски репрезентативец Егзон Бејтулаи денес ги сподели своите очекувањата за настапот на Европско првенство кое ќе биде дебитантско за „црвено-жолтите“.

Back to top button
Close
Close