МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

11 јуни 2021

11 јуни 2021

– Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА) и Тетра Тек ЕС АД (Тетра Тек), американска компанија и спроведувач на програмата за техничка помош во земјава на Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД), потпишаа Меморандум за разбирање, со цел зајакнување на капацитетите за сајбер безбедност на државата, соопшти МИОА.

– Летен креативен и едукативен саем за деца од 10 јуни до 10 јули се одржува онлајн на платформата www.viart.mk и во книжарницата за деца „Виарт“ кај Универзалната сала во Скопје. 

– Одговор на повеќе од 60 страници и доказен материјал од илјадници страници ќе биде испратен во текот на денот до Европскиот суд за човекови права во Стразбур, изјави денеска министерот за правда Бојан Маричиќ, одговарајќи на новинарско прашање дали и каков одговор испратила државата до судот во Стразбур во врска со помилувањата на поранешниот претседател Ѓорге Иванов.

– Младата актерка Сара Климоска деновиве е во Берлин, каде ќе присуствува на официјалната церемонија за доделување на наградата Shooting Stars 2021, награда за европски актери во подем. Церемонијата за доделување на наградите ќе се одржи на 14 јуни, непосредно пред проекцијата на филмот I’m Your Man на Maria Schrader во рамките физичкото издание на Берлинскиот филмски фестивал.

Државниот испитен центар соопшти дека денеска успешно се спроведува полагањето на вториот екстерен предмет од државната матура, кој е изборен за кандидатите.

– Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска денеска се сретна со амбасадорот на Република Австрија во земјава, Георг Вуцас и австрискиот аташе за интернационални и билатерални односи и прашања од социјалната политика, Харалд Фугер. На состанокот, соопшти МТСП, бил врачен меморандум за разбирање помеѓу Министерството за труд и социјална политика на Република Северна Македонија и Сојузното Министерство за труд социјални прашања и заштита на потрошувачи на Република Австрија, со кој се потврдува натамошната соработка меѓу двете земји во делот на социјалата и трудот.

– Цврста позиција на Владата и на премиерот е дека каналите на комуникација со соседната земја треба да останат отворени. Ние сме за конструктивен дијалог, секогаш базиран на меѓународното право и со целосно почитување на меѓународните обврски што ги има преземено секоја земја, истакна портпаролката на грчката Влада Аристотелиа Пелони на денешниот редовен брифинг со новинарите, во пресрет на тет-а-тет средбата Мицотакис – Ердоган в понеделник, и додаде дека Грција се надева на мирно лето во односите меѓу двете земи, јави дописничката на МИА од Атина.

Поддршката на Грција за европерспективата на регионот, ја повтори портпаролката на грчката Влада, Аристотелија Пелони, одговарајќи на прашањето на дописничката на МИА од Атина во однос на декретот потпишан од американскиот претседател Џо Бајден и истакна дека „Грција не припаѓа на Западен Балкан, бидејќи е членка на НАТО и ЕУ“.

– Земјите-членки на Европска Унија денеска се согласија да укинат дел од ограничувањата за патувања во текот на летото, а целосно вакцинираните туристи ќе бидат ослободени од вакцинација или изолација, изјавија неуменувани дипломати.

Во пресрет на неделниот натпревар (18 часот) со Австрија, македонскиот фудбалски репрезентативец Иван Тричковски на денешниот брифинг со новинарите, рече дека со пласманот на Европското првенство е остварен сонот на нацијата.

Back to top button
Close
Close