МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

3 јули 2020

3 јули 2020

– Динамиката на процесот на проширување на ЕУ со земјите од Западниот Блакан ќе продолжи и во текот на следниве шест месеци за време на германското претседавање со Унијата, изјави известувачот на Европскиот парламент за Србија, словачкиот европратеник Владимир Билчик.

– Бојан Јовановски, кој е осуден во предметот „Рекет“, денеска повторно ќе биде спроведен во Основното јавно обвинителство Скопје за да заврши со поднесувањето кривични пријави на записник.

– Министерот за здравство Венко Филипче денеска ќе престојува во работна посета на Охрид.

– Градоначалникот на Белград Зоран Радојчиќ, на предлог на Штабот за вонредни ситуации, донесе одлука за прогласување вонредна ситуација, која стапува во сила денеска. Вонредната ситуација се воведува поради спроведување на превентивни заштитни мерки и заштита на животите на населението во услови на пандемијата на Ковид-19.

– Премиерот на Холандија, Марк Руте изјави дека е за солидарност, но не во вид на бесповратна помош, туку кредити, при тоа додаде дека следниот пат кога Италија ќе се најде во ситуација, како по пандемијата, ќе мора да биде подготвена сама да ги решава проблемите.

– Претседателката на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, Ненси Пелоси и лидерот на демократите во Сенатот, Џак Џамер денеска изјавија дека претседателот Доналд Трамп е несфатливо попустлив кон Русија по објавувањето на извештајот на американските разузнавачки служби, во кој се наведува дека Кремљ им плаќа на талибанците за убивање на војниците на САД во Авганистан.

Back to top button
Close
Close