МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

30 април 2020

30 април 2020

– Универзитетска Клиника за хематологија во периодот на вонредна состојба предизвикана од ширењето на коронавирусот работи со полн капацитет, согласно препораките за работа на Министерство за здравство.

– Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) во пресрет на првомајските празници апелира до сите учесници во сообраќајот да возат одговорно, да ја почитуваат поставената сообраќајна сиганализација, да не возат под дејство на алкохол и да ги почитуваат правилата за ограничување на брзината.

– Над 40 лица се заразени со Ковид-19 на погреб во Турција, соопшти гувернерот на областа Ерзурум, Окај Мемиш и истакна дека вирусот е донесен надвор од областа.

– Германскиот виролог Кристијан Дростен предупреди на опасност од прерано отворање на детските градинки. Тој истакна дека врз основа на грипот и настинката се знае оти децата имаат големо количество вируси во грлото, објаснувајќи дека таа концентрација на вируси е 10.000 пати поголема отколку кај возрасните.

– Пациентите кои се излекувале од вирусот Ковид-19 и се отпуштени од болница може да носат честички од коронавирусот длабоко во нивните бели дробови. Според истражување на кинески специјалисти во Хонгконг, во таков случај не може да се открие инфекцијата со вообичаените тестови.

Back to top button
Close
Close