31 мај 2021

– Центарот за европски политички студиите, еден од највлијателните тинк тенкови во Брисел објавува анализа на бугарско-македонскиот спор во контекст на ЕУ интеграцијата на Северна Македонија и предупредува дека вовлекувањето на идентитетските прашања може ЕУ скапо да ја чини, јавува дописничката на МИА од Брисел.

– Советот за етика во медиумите (СЕММ), во соработка со Мисијата на ОБСЕ во Скопје, денеска организираа настан за медиумската саморегулација и за тоа што донесе пандемијата. Главна констатација беше дека најмногу прекршување на новинарските стандардите за време на корона кризата имало од страна на онлајн медиумите, а прекршувања имало и на социјалните мрежи. Беше потенцирано дека саморегулацијата на медиумите треба да добие силна поддршка.

Пациентката на која вчера и беше трансплантирано срце е стабилна. Вчера имаше неколку ревизии, имаше некои мали крварења после што се најдоа некои технички извори на крварења што се решија и денеска е дефинитивно стабилна ги нема тие знаци што ги имаше вчера. Јас верувам дека тоа значи дефинитивно стабилизирање на состојбата, дека нема да се случи некаква друга хируршка компликација, истакна денеска министерот за здравство Венко Филипче.

– Двајцата пациенти на кои вчера им беа трансплантирани бубрези од починат донор се чувствуваат добро. Трансплантацијата беше извршена кај 44 годишен маж кој беше на хемодијализа и кај 30 годишна жена која беше на перитонеална дијализа, информира Министерството за здравство.

– Како држава ќе продолжиме со инвестирањето и развојот на полигонот Криволак кој повеќе не е само наш воен капацитет, туку и капацитет на целата Алијанс, истакна претседателот Стево Пендаровски денеска на армискиот полигон Криволак, на Денот на високи гости на воената вежба „Одлучен удар 21“.

– Лубе Бошковски е тој што го определил времето и местото кога и каде ќе бидат преземени мерки за почеток на акцијата за негово лишување од слобода, (јуни 2011) колку тоа ќе трае, односно каква ќе биде одлуката на тие кои ја водат и колку и какви ресурси ќе се употребат, посочија од одбрана на обвинетиот Сашо Мијалков, во своите заврши зборови за случајот „Тортура”. Адвокатот Петар Василев, истакна дека доказите потврдиле дека БЈБ, како дел од МВР, а не УБК било овластено да ја планира, организира и изврши акцијата за лишување од слобода на Бошковски онака како што е проценето. За тоа според него е доказ и утврдена хиерархија на делот од МВР во која припаѓа единицата „Алфа”.

Хартиените документи, потврдата за вакцинацијата и ПЦР-потврдите се сосема доволни за влез во Грција. Луѓе од системот „Мој термин“ работат на една варијанта, модул, тој да се надгради и тие податоци да може да се стават во апликацијата, меѓутоа граѓаните мора да знаат дека тоа не е никаков ограничувачки фактор, дека и сегашните документи што потенцијално ќе бидат скенирани во самата апликација им се сосема доволни за влез.

– За првпат на бугарски јазик е објавен нобеловецот Вернер фон Хајденстам – со неговото најрепрезентативно дело, обемниот епски роман „Лозата на Фолкунзите“, јави БТА.

– Просечната нето-плата во Црна Гора во април годинава изнесувала 529 евра и е повисока за 0,6 отсто во споредба со март, додека во споредба со истиот месец во 2020 година е поголема за 1,5 проценти, соопшти Заводот за статистика Монстат.

– Одлуката за вакцинирање на децата против Ковид-19 не е политичка, туку одлука заснована на научни докази, изјави официјален претсатвник од Европската комисија за бриселскиот портал Еурактив.

– Директорот на египетската разузнавачка агенција Абас Камел се сретна со лидерите на Хамас во Појасот Газа во обид да придонесе за имплементација на договорот за прекин на огнот меѓу палестинската милитантна група и Израел, а се разговараше и за плановите за реконструкција по неодамнешниот конфликт, соопштија египетските и палестинските власти.

 

Back to top button
Close
Close