28 мај 2021

– Проценката за производството на медицински канабис во земјава само со актуелните 60 лиценци е преку 250 милиони евра што е 2,5 отсто од БДП. Верувам дека ќе имаме отрезнување од страна на опозицијата за деблокирање на законите во Парламентот. Во моментов бараме решение како да овозоможиме и извоз на цвет кој се употребува од индустријата за препарати за кожа, а има и други намени. Тоа ќе значи флексибилност во производството и привлечност за нови инвестиции, рече денеска премиерот Зоран Заев.

– Пристапот на актуелната бугарска влада е конструктивен, посебно во создавање на довербата и во реториката и во чекорите. Сакам да ја охрабрам таа конструктивнст и да одговорам на таа конструктивност со наша конструктивност и се надевам дека во наредните денови и недели ќе правиме чекори кон враќање на довербата, изјави денеска министерот за надворешни Бујар Османи, по настанот организиран во пресрет на Преспа Форум Дијалогот планиран за јули.

– Градење посилна старт-ап заедница, зајакнување на претприемачкиот дух во македонското општество и создавање на глобално успешни старт-апи се во фокусот на Првиот национален старт-ап самит под мотото „Заеднички влијаеме“, во организација на Старт-ап Македонија и Бизнис Импакт Лаб, поддржано од Фондот за иновации и технолошки развој и Швајцарската претприемачка програма (Swiss EP), кој се одржа денеска.

– Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во соработка и координација со Националната единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе и Истражното биро на Министерството за правда на Тајван пресече меѓународен канал за трговија со луѓе.

– Одбраната на обвинетите во случајот „Организатори на 27 април” на следното рочиште, кој е предвидено за дополнување на доказната постапка, главно ќе презентира материјални докази, најави адвокатот Еленко Миланов, додавајќи дека материјалните докази ќе бидат во насока да се докаже каква функција имале и извршувале клиентите кои ги застапуваат.

– Ректоратот на универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје реагира поради непочитување на нивното барање за приоритетна вакцинација со што, како што наведува, ќе се овозможеше непречен почеток на новата академска 2021/2022 година.

– Бројот на живородени деца во првото тримесечје од оваа година во споредба со истиот период лани бележи намалување од седум отсто, а во истиот квартал бројот на починати лица има зголемување од 35,8 отсто. Податоците на Државниот завод за статитстика регистрираат дека во овој период се починати 21 доенче.

– Поранешниот лидер на босанските Срби, Радован Караџиќ, кој е осуден на доживотен затвор поради извршени воени злосторства, му се пожалил на своето семејство дека живее во нездрави услови во затворот во Велика Британија, каде што беше префрлен оваа недела, бидејќи таму има азбест, како и дека не му се почитуваат верските права.

– Шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, денеска изјави дека неговата земја е подготвена да ги нормализира односите со Европската унија, но врз основа на принципот на еднаквост.

Младиот македонски кошаркарски репрезентативец Лука Савичевиќ од следната сезона ќе настапува американската НЦАА лига, откако стана нов член на Универзитетот Источен Мичиген.

Back to top button
Close
Close