28 мај 2021

– Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги денеска преку соопштение реагира во врска со изјавите на премиерот Зоран Заев во интервјуто за неделникот „Фокус“, поврзани со првата епизода „Заговор против воздухот“ од документарниот серијал „Редакција“ на Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ).

– Потпросечни температури, врнежи од снег, со максимална измерена 29,8 степени и минимална -9,3 степени се карактеристики за април 2021 година.

– Во Хрватска во изминатите неколку денови се случиле неколку инциденти поврзани со бугарски државјани, за што амабсадорката на Бугарија во Загреб, Генка Василева Георгиева ги известила надлежните органи, објави хрватскиот весник „Јутарњи лист“.

– По двомесечни одложувања на рочишта за „Организаторите на 27 април” денеска во Кривичниот суд Скопје, предвидено е исказ да даде обвинетиот Спиро Ристовски.

– Кој, со кого и на кој начин договарал формирање Комитет за туризам, кои се тие што одлучиле да ги игнорираат реалните и вистински угостители и зошто ни е одземено договореното и ветено право рамноправно да учествуваме во формирањето на ова тело?, реагира денеска Независната угостителска комора (НУК).

–    Во Љубљана денеска се најавени големи антивладини протести откако повеќе организации и движења, вклучително и синдикати и опозициски партии, го потврдија своето учество.

– Кинески државјани, без дозвола за престој, биле принудени да работат по десет часа дневно во Италија, сите седум дена во неделата, за плата меѓу 300 и 600 евра, откри италијанската полиција во акцијата наречена „Марко Поло“.

– Франција, која е втора најголема економија во еврозоната, влезе во рецесија во првиот квартал од 2021 година со намалувањето на бруто домашниот производ (БДП) од 0,1 отсто, покажуваат денеска ревидираните статистички податоци.

–   На насловната страница на дневниот весник Харец, најстар во Израел, беа објавени фотографии од 67 палестински деца и тинејџери кои ги загубија своите животи во неодамнешните конфликти во Газа.

Back to top button
Close
Close