28 мај 2021

– Европската иднина на Северна Македонија има перспектива и двете држави треба да работат со уште поголема доверба и дијалог, кој треба да се води меѓу рамноправни соговорници, без потценување, со меѓусебна почит за да се постигне напредок и прогрес, порачаа вчера од Рим македонскиот и бугарскиот претседател Стево Пендаровски и Румен Радев. Потребата од дијалог меѓу двете земји и изнаоѓање заемно прифатливи решенија.беше потенцирана и во телефонски разговор меѓу премиерите на Северна Македонија и Бугарија, Зоран Заев и Стефан Јанев.

– Комисијата за заразни болести денеска треба да ја разгледа можноста за олабавување на КОВИД-мерките и за укинување на полицискиот час, а прва тема за дискусија на состанокот ќе биде носењето маски на отворено.

– Панел „Патот до Преспа форум за дијалог“ во организација на Министерството за надворешни работи денеска ќе се одржи во Скопје како воведен настан за претстојниот Преспа Форум дијалог кој ќе се одржи на 1 и 2 јули 2021 година.

– Под мотото „Заеднички влијаеме“, денеска ќе се одржи првиот национален Стартап самит на кој над 20 претставници од македонската стартап заедница, заедно со претставниците на Владата ќе ги дефинираат чекорите кои треба да ги преземе за нашата држава да се позиционира како регионален стартап хаб.

 Високиот претставник во БиХ, Валентин Инцко, кој вчера поднесе оставка по 12 години на функцијата, нагласи дека Дејтонскиот мировен договор не предвидува мирно разидување во БиХ.

 Германија за првпат призна дека извршила геноцид врз етничките групи Хереро и Нама во Намибија за време на колонијалната ера. Тие најавија дека на државата ќе и исплатат над милијарда евра помош за развој.

–  Хакерската група што стои зад нападот врз американската софтверска компанија SolarWinds, извршен лани, сега се насочила кон владини агенции, аналитички центри и невладини организации. Информацијата ја објави компанијата „Мајкрософт“.

– Променливо облачно и посвежо со локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен, а попладне засилен ветер претежно од северозападен правец, особено вдолж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 16, а максималната од 21 до 28 степени.

– Актуелниот шампион Лос Анџелес лејкерс триумфираше синоќа над Феникс, додека Денвер го совлада Портланд за водство од 2:1 во серијата до четири победи во разигрувањето за титулата во НБА лигата.

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close