27 мај 2021

– Заменик-минисерот за здравство Илир Хасани, денеска, на отворањето на реновираното одделение за хронично болни во Психијатриската болница во Бардовци, изрази надеж дека од следната недела ќе има олеснување на мерките.

– Претседателот Стево Пендаровски денеска во Ватикан имаше аудиенција кај папата Франциск. Како што објави шефот на државата на Фејсбук, потврдено е искреното пријателство и длабоките врски меѓу Светата Столица и Република Северна Македонија.

Не сметам дека со електронските картични за српските туристи низ патарините ќе се дестимулира домашниот туризам. Секако тоа се предвидени трошоци, изјави заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи.

Носителите на функции креираат можности, трасираат пат за самите стопанственици без разлика дали се млади или се веќе искусни да можат да направат исчекор. Верувам во еден пристап во кој ние никого не треба да носиме на грб за тој да се развие, туку едноставно треба да му трасираш пат и секој што има малку претприемачки дух, а младите имаат претприемачки дух, ќе го најдат својот пат. Можеби некогаш ќе скршнат од патот, но тоа е природно и тоа се предизвиците кои тие ги согледуваат и ќе ги надминат, истакна заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи на денешната панел дискусија „Механизми за поддршка на младите да го одржат сопствениот бизнис и да креираат одржливи работни места“, во организација на Фондацијата за развој на образованието и културата Албиз.

– Премиерот Зоран Заев, одговарајќи на пратеничко прашање на Панчо Минов во врска со стечајните работници на кои им недостасуваат неколку месеци за да го исполнат условот 15 години работен стаж за да се стекнат со паричен надоместок, рече дека за тие лица веќе има подготвен закон, за кој, како што рече, верува дека Парламентот ќе го усвои.

– Република Северна Македонија дефинираше среднорочна политика за поголема отпорност на економијата која се темели на повеќе платформи во периодот од 2021 до 2025 година. Политиките опфаќаат Паметен раст за закрепнување и одлржлив развој на економијата, фискална консолидација, Економски инвестициски план, Зелена агенда и Ревизија на постојните договори за слободна трговија. Повеќето платформи се базирани на регионот како стратешки документи за влијание врз економскиот развој и соработката во регионот.

– Попладне и во вечерните часови на повеќе места ќе има нестабилно време со повремен пороен дожд и грмежи. Локално ќе има појава на невреме со поинтензивни електрични празнења, силен ветер и услови за појава на град, информираат од УХМР.

– Косовскиот премиер Албин Курти ѝ забележа на опозицијата во републичкото Собрание дека е неспособна за критики кон власта и се понуди да ѝ „помогне“ да го реши тој проблем, јави дописникот на МИА од Приштина.

– Главната економска грижа на Владата, во оваа фаза е зајакнување на туристичкиот бран кон нашата земја. Веќе се преземени сите неопходни мерки за да функционира како безбедна туристичка дестинација и се развиваат насочени активности за привлекување на максимален број посетители, рече портпаролката на грчката Влада Аристотелиа Пелони на денешниот редовен брифинг со новинарите, јави дописничката на МИА од Атина.

– Францускиот претседател Емануел Макрон „ги призна одговорностите“ на неговата земја за геноцидот во Руанда во 1994 година во денешниот говор на спомен обележјето посветено на трагедијата во главниот град Кигали.

– Министерството за правда на САД води истрага за фондот Archegos Capital Management на Бил Хванг, објави денеска Блумберг. При крајот на март фондот објави стечај што предизвика загуби од околу 10 милијарди долари.

Антонио Конте, чие повлекување од Интер беше објавено вчера, најверојатно нема да биде во Серија А следната сезона.

Back to top button
Close
Close