МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

26 мај 2021

26 мај 2021

.

– Одбраната и обвинетите во случајот ,,Тортура”, каде обвинет е и поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, денеска во Кривичниот суд Скопје, ќе ги дадат завршните зборови.

 – Поради поврзување од стара на нова линија ф-100 милимтери на крстосницата на улиците „Елисие Поповски Марко“ и „Антон Панов“, денеска без вода ќе бидат корисниците на овие две улици во скопската Општина Центар

– Нова водоводна линија во должина од 1.000 метри се изведува на улица „Белградска“ како дел од инвестицискиот циклус за обнова и подобрување на водоводната и канализационата мрежа, информираат од ЈП „Водовод и Канализација“ – Скопје.

– Крајно време е Европската Унија да ги исполни ветувањата и да ги започне пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија, вели германскиот државен министер за Европа, Михаел Рот, кој денеска доаѓа во дводневна посета на Скопје.

– Министерството за образование и наука денеска објави повторен повик за пријавување наставници од основни училишта за напредување во звање ментор. Може да се пријават наставници од основните училишта од кои на првиот повик немаше пријавени кандидати или не ги исполнуваа условите. Во повикот е наведена листа со тие училишта.

 – Музејот на Народната банка организираше едукативна недела по повод Денот на музеите. Со тоа Народната банка го одбележа Меѓународниот ден на музеите – 18 мај, а целта на едукативните активности беше промоцијата и популаризацијата на нумизматичкото културно наследство и на македонската монетарна историја.

– Во рамките на јубилејот – триесет години од основањето, „Матица македонска“ ја објави драмата „Последниот ден на Мисирков –еднодневна драмска сага за животот и смртта на балканскиот лингвистички Моцарт Крсте Петков Мисирков ( 1874-1926) “ од современиот македонски писател Јордан Плевнеш.

 Сите ученици од прво до четврто одделение на територијата на  Белград на 1 септември ќе добијат таблети, од кои ќе можат да учат во новата учебна година. Тоа го најави заменик градоначалникот на тој град, Горан Весиќ.

– Потпретседателот на парламентарната анкетна комисија и пратеник од Демократската партија, Мислим Муризи, изјави дека комисијата костатирала дека претседателот Илир Мета ги прекршил уставните надлежности а неговиот однесување го нарече изопачено.

– Израелски приватни инвеститори, преку инвестиција вредна шест милиони евра, во Солун ќе произведуваат индустриски и медицински канабис што ќе се извезува во Европа и Израел, објави грчката новинска агенција АНА-МПА, јави дописничката на МИА од Атина.

– Министерството за надворешни работи на Црна Гора донесе одлука за повлекување на уште шест амбасадори, вклучително и амбасадорката во ОН, Милица Пејановиќ Ѓуришиќ и амбасадорот во Советот на Европа, Зоран Јанковиќ, објавија подгоричкиот весник Вијести.

– Комапнијата Фолксваген доби понуда вредна 7,5 милијарди евра за преземање на Ламборџини од страна ма англиско-швајцарски конзорциум, и покрај тврдењата на германскиот производител на возила дека марката „не се продава“, објави британскиот неделник Автокар.

– Шефот на француската дипломатија Жан-Ив ле Дријан денеска изјави дека  немањето реакција од страна на Москва за постапките на Белорусија, која пренасочи авион за да го уапси опозицискиот новинар Роман Проташевич, е одобрување.

– Индискиот сој на коронавирусот е официјално пријавен на 53 територии, соопшти денеска Светската здравствена организација. СЗО доби и информација од неофицијални извори дека варијантата Б.1.617 е пронајдена на уште седум територии.

– Саемот на книга 2021 ќе се одржи од 8. до 14. септември, во A1 Арена, СЦ Борис Трајковски.

 Кошаркарот Лос Анџелес лејкерс, Ентони Дејвис, ги сумираше впечатоците по вториот натпревар од серијата од првото коло во НБА плејофот против Феникс санс. Лејкерс победи на гостински терен со 109:102 и изедначи на 1-1.

 Јапонскиот весник „Асахи“, кој е официјален партнер на Олимписките игри во Токио, повика на откажување на натпреварите поради ширењето на коронавирусот.

 

Back to top button
Close
Close