МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

25 мај 2021

25 мај 2021 

ва е прва Влада која  покажува дека интересот на ученикот е пред сечиј друг и дека децата се нашата иднина. Политичката партија која владееше 12 години  постојано наоѓаше изговори зошто да не се подобри, модернизира, осовремени образованието. Веројатно тоа на некого му одговарало. Затоа нашите деца денеска на меѓународните тестирања се најдолу на листите и тоа е поразително за нашата држава, изјави министерката Мила Царовска.

Одговарајќи на новинарски прашања при денешната посета на ООУ „Исмаил Ќемали“ во Чаир, Царовска истакна дека остваруваат се што ветиле иако имало недоверба, како што биле сомневањата дека од октомври ќе се реализира онлајн-наставата која, како што рече,  почна и успешно се одвива, и дека нема да бидат, а веќе се донесени новите наставни програми и се пријавени квалитетни автори. Рече и дека учебната година ќе биде заокружена со успешно спроведување на државната матура.

– Министерката за култура Ирена Стефоска денеска учествуваше на Седмата министерска конференција на Советот на министри за култура на Југоисточна Европа – Јакнење на културата во функција на одржливиот развој (CoMoCoSEE) која, поради пандемијата, се одржа онлајн. Домаќин на конференцијата беше Министерството за култура и спорт на Република Грција, коe во изминатиот период претседаваше со Советот.

Како што соопшти Министеството за  култура, Стефоска во обраќањето изрази благодарност до домаќините и истакна дека е ова одличен повод да се нагласи заедничката посветеност за понатамошно унапредување на регионалната и мултилатералната соработка во областа на културата и културното наследство како движечка сила за дијалог, креативност и кохезија на регионот.

-Владата дава дополнителна можност на сите заинтересирани невработени лица и работодавачи да аплицираат за мерките и програмите од Оперативниот план за 2021 година. Јавните огласи за мерките самовработување, субвенционирање плата, практиканство, обука на работно место за познат работодавач и програмата за јавни работи се објавени денеска и може да се аплицира до петок, односно 28 мај.

Како што појаснија денеска на прес-конференција министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска и директорот на Агенцијата за вработување на РСМ Абдуш Демири, оперативниот план е во почетна фаза, на новите објави не треба да се пријавуваат веќе оние кои аплицирале во претходниот рок и дека изборот на кандидатите со кои ќе се склучи договор ќе се врши по завршување на рокот за пријавување на реобјавените јавни огласи.

Управата за јавни приходи ги информира граѓаните дека на 31 мај 2021 година истекува законскиот рок за потврда или корекција на Годишните даночни  пријави (ГДП) за доходот што го оствариле во текот на 2020 година. 

Заклучно со овој рок, даночните обврзници кои се регистрирани на системот е-Персонален данок преку своите кориснички профили имаат можност да го менуваат статусот на пријавата, односно да ја потврдат или да ја коригираат 

– Собранието на Република Северна Македонија се очекува утре да продолжи со веќе почнатата 41. седница од минатата недела на која би се гласале сите точки што веќе биле усвоени на комисиите и за кои расправата завршила. Во четврток Собранието ќе одржи седница за постапување пратенички прашања. Ова било договорено на денешната средба на претседателот на Собранието Талат Џафери со координаторите на пратеничките групи.

За интерпелациите на министерот Бојан Маричиќ и вицепремиерот Љупчо Николовски, што се на дневен ред на 41. седница, на координацијата немало договор, но од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ најавуваат дека тие остануваат за јуни.

– Во март годинава во земјава вкупно се потрошени 789.488 мегават часови електрична енергија, 45,725 милиони нормални кубни метри природен гас, 406.568 тони јаглен и 87.746 тони нафтени продукти.

Според податоците на Државниот завод за статистика, 73,2 отсто од потрошената електрична енергија е од  домашно производство, а 95,5 отсто од вкупно потрошениот јаглен е употребен за производство на струја.

– Бензините од ноќеска на полноќ поевтинуваат за еден денар по литар, а цената на дизел горивата се намалува за половина денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,48 отсто.

Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 67, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 е 69 денари за литар. ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе се продава за 59,5, додека Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 59 денари за литар.

-Над 80 отсто од граѓаните на Северна Македонија ги сметаат дезинформациите како закана и како нов начин на војување против државата, се наведува во истражувањето што е спроведено на над 1000 граѓани од земјава за потребите на Регионалниот совет за соработка (РСС), и е објавено на новата дигитална алатка Секјуриметар за Западен Балкан.

Истражувањето, како што се наведува во соопштението, покажало дека 54 отсто од граѓаните во целост се согласуваат со прашањето „дали сметате дека дезинформациите се нов начин на војување на државни или недржавни чинители против вашата земја“, додека 28 отсто рекле дека се блиску да се согласат во целост со таквото тврдење. На ниво на Западен Балкан, вкупната бројка која ги смета дезинформациите за опасни и за закана, изнесува 75 отсто.

-Тимот новинари од редакцијата на Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ) ја добија наградата „Никола Младенов 2020“ за Најдобра истражувачка сторија за серијалот текстови на тема „Пандемско профитерство – другата страна на приказната за Ковид-19“.

Наградата за најдобра репортерска фотографија и е доделена на фоторепортерката Арбнора Мехмети за фотографијата на тема „Две патки поминуваат на пешачки премин во време на полициски час“ објавена во „Слободен печат“.

Наградата за најдобар иновативен новинарски производ е доделена на новинарот Александар Манасиев за мултимедијалната сторија „Тивките балкански убијци“ што ја обработува темата за влијанието на термоцентралите врз животната средина, објавена на Интернет платформата „Види вака“.

– Градоначалникот на Општина Чаир Висар Ганиу денеска изјави дека има волја да се кандидира за втор мандат, но рече, за тоа ќе одлучуваат органите и лидерот на ДУИ.

– И на почетокот пред да бидам избран, имам кажано дека моја цел е да бидам градоначалник два мандата ако ме послужи здравјето и ако народот ме избере. Волја имам да се кандидирам за втор мандат, но тоа не значи дека јас одлучувам. За тоа ќе одлучат органите и лидерот на партијата врз база на анализи и на сите информации што ќе ги апсорбираат, рече тој на денешната промоција на 19 смарт табли во ОУ „Исмаил Ќемали“ во Општина Чаир.

– Се продлабочува поделеноста во албанската опозициска Демократска партија (ПД), која јавно избувна по поразот на парламентарните избори одржани на 25 април.

Поделеноста кулминира по утврдувањето на кандидатите за нов лидер, што треба да се избира на 13 јуни, откако Претседателството од девет прифати само четири кандидати.

– Европската комисија исплати вкупно 14,1 милијарди евра на 12 земји-членки за поддршка на трошоците од зголемување на јавните расходи, со цел да се зачуваат работните места за време на пандемијата на Ковид-19.

Ова е седма транша помош за која средствата се обезбедуваат со продажба на заеднички обврзници на ЕУ на меѓународниот финансиски пазар.

-Десетици земји ширум светот се соочуваат со сериозен недостиг на кислород поради зголемувањето на случаите на Ковид-19, и тоа се заканува да предизвика „тотален колапс“ на нивните здравствени системи.

Деветнаесет земји ширум светот – вклучувајќи ги Индија, Аргентина, Иран, Непал, Филипини, Малезија, Пакистан, Аргентина, Костарика, Еквадор и Јужна Африка – се сметаат за најранливи откако од март досега регистрираа огромно зголемување на побарувачката на кислород од најмалку 20 проценти. Тие држави вакцинирале помалку од 20 проценти од нивната популација.

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close