МИА Радио флеш

МИА Радиофлеш

17 мај 2021

17 мај 2021

– Претседателот Стево Пендаровски учествува на десеттиот јубилеен состанок на Процесот Брдо-Бриони во Словенија, на кој, како што напиша на својот фејсбук-профил, со претседателите на Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Словенија, Србија, Хрватска и Црна Гора, разговараат за справувување со последиците од пандемијата и економско закрепнување на регионот на Западен Балкан.

-Проширувањето на ЕУ мора да продолжи во пост-ковид Европа. Историските прашања немаат ништо заедничко со процесот на европската интеграција. Регионалната соработка е клучна за побрз напредок на земјите од Западен Балкан, напиша претседателот Пендаровски на Фејсбук. 

– Премиерот Зоран Заев на покана на компанијата „М6 Аграр“ и Винарската визба „Тиквеш“, денеска присуствуваше на промоцијата на новата инвестиција на овие компании кои се дел од Групацијата М6.

На настанот, на кој покрај менаџерите од овие компании, присуствуваа и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Аријанит Хоџа и Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, беше поздравено што во услови на криза предизвикана од пандемијата од Ковид-19, „М6 Аграр“ и Винарската визба „Тиквеш“ преку групацијата М6 продолжија со инвестицискиот циклус во нови лозови насади на површина од 120 хектари, на локацијата Бабуна, во близината на Велес.

Премиерот Зоран Заев денеска при посетата на лозовиот насад Тиквеш кај месноста „Бабуна“ во Велес, изјави дека земјоделството не може да се развие дополнително без продажба на државните површини, во одговор на новинарско прашање во врска со продажбата на земјоделско земјиште и најавите од опозицијата од ВМРО-ДПМНЕ дека ќе го блокира законот.

Лесно е да блокирате важно е да партиципирате и дадете прилог во нешто. Ваквите инвестиции што се прават во земјоделството ниту една банка не ги зема гаранциите што ги даваат самите насади и ги очекуваат од земјиштето. За да можат да продолжи М-6 еден од најголемите инвестотори во М-6 групацијата на еден од најголемите инвеститори во државата во лозарството, но и во сите други области во земјоделието главен предуслов за севкупен економски развој во оваа многу значајна економска гранка во С Македонија е сопственоста на земјоделското земјиште, што е неопходен услов за развој преку соодветни светско познати инвестиции во земјоделието, ако сакаме да бидеме барем рамо до рамо со регионот и со светот, рече Заев.

 Преку проект реализиран со финансиска поддршка на Амбасадата на Швајцарија, а во соработка на германската компанија за автоделови „Костал Македонија“ и ЕМУЦ „Свети Наум Охридски“ во Охрид, ќе се спроведува дообука на наставен кадар, како и на ученици од дуалното средношколско образование од центарот.

Четиринаесет професори и дваесеттина ученици наредните шест месеци активно ќе бидат вклучени прво во оналјн-теоретска, а потоа и практична настава во „Костал“ каде ќе стекнуваат со знаења за високо-технолошки производствени процеси, со цел на подобар начин да можат на сегашните и идните ученици од ЕМУЦ да им ги доловат потребните вештини и знаења потребни за стекнување статус на квалификуван кадар.

– Во претстојниот период, нашиот фокус е на подготовка на нов Закон за потекло на имот, како и подготовка на нов Кривичен законик. Најзначајно, Северна Македонија работи на воведување на концептот на дигитална судница, а во наредниот период ќе дигитализираме околу 200 судници во државата, истакна министерот за правда, Бојан Маричиќ, кој преку видео-врска се обрати на 30 – тата сесија на Комисијата за спречување на криминал и кривична правда на Канцеларијата на Обединетите нации за дрога и криминал (УНОДЦ).

Маричиќ во своето обраќање ги претстави реформите кои Министерството за правда ги презема во областа на кривичната правда.

-Актуелните состојби и прашања како и активностите од работата и надлежностите на Народниот правобранител, биле тема на рзаговор меѓу претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, и Народниот правобранител Насер Зибери на денешната средбата по повод предавањето на Годишниот извештај за работата на Народниот правобранител за 2020 година.

На средбата, како што соопшти прес службата на Собранието, присуствувала и Сузана Салиу, заменичка на Народниот правобранител, а омбудсманот Зибер меѓу другото, зборувал и за кадровските прашања во институцијата која ја претставува, за природата и бројот на поднесените претставки кои граѓаните ги доставуваат со намера на остварување и заштита на нивните граѓански права како и за влијанието на пандемијата со Ковид – 19 во природата на поднесените претставки и работата на институциите.

– Фондот за поддршка на талентирани средношколци „Таленти денес – лидери утре“ на меѓународната невладина организација Македонија 2025 додели 10 стипендии на талентирани млади за тековната 2020/21 година. Стипендирањето на десетте средношколци им овозможува континуиран развој на талентот и вештините преку финансиска поддршка, менторство, учество на меѓународни натпревари, обуки, како и пракса во истакнати компании. Стипендиите се обезбедени преку донации и соработка со корпоративните и индивидуални партнери на организацијата Македонија 2025.

– Со отворање на постојните поставки од културното и историското наследство од Струмичкиот регион за првачиња и лица со попреченост, денеска НУ „Завод и музеј Струмица“ ја почна реализацијата на програмските содржини од манифестацијата „Струмица град на културата“ за 2021 година, но и во пресрет на 18. Мај Меѓународниот ден на музеите.

Според директорот на оваа институција, Ацо Манински, со овој настан, по подолго време заради пандемијата од Ковид-19, повторно се отвораат вратите на музејот.

– Градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ најави реконструкција на улицата „Народен Фронт“, во Капиштец, со што целосно ќе се уреди коловозната конструкција на површина од 11.543 метри квадрани, а ќе бидат опфатени трите краци помеѓу зградите. Покрај улицата ќе се реконструираат и подигнатите пешачки платоа за смирување на сообраќајот и ќе биде поставено ново модерно лед-осветлување.

-Почнувајќи од денеска во наредните три месеци, скопјани ќе имаат можност да вежбаат и да се рекреираат на отворено секој работен ден, по 18 часот, на различни локации на јавните површини и парковите во Скопје. Ќе се вежба аеробик, фитнес, пилатес, зумба, спортска јога, атлетика и друго, информираат од Град Скопје.

На денешниот репертоар со почеток во 18 часот, кај Школката во Градски парк граѓаните ќе имаат можност да вежбаат моторика, гимнастика, аеробик и бокс. Во паркот зад „Три Бисери“ во Аеродром ќе има јога, додека, во паркот во Ѓорче Петров аеробик, пилатес, моторика и голф. Фудбал ќе се игра во паркот во Чаир, како и моторика.

– Српскиот претседател Александар Вучиќ ја оцени како добра денешната средба на лидерите од Западен Балкан на Брдо кај Крањ, која траеше подолго поради усогласување на заклучоците, кои ќе бидат соопштени подоцна.

– Добар состанок и она што е најважно и за што постои консензус е дека целиот регион се наоѓа на европскиот пат и оти треба заедно да работиме во таа насока, посочи Вучиќ преку Инстаграм.

– Заврши пленарната средба на лидерите од Западен Балкан на Брдо кај Крањ, кој траел подолго поради усогласување на заклучоците, кои ќе бидат соопштени подоцна.

На состанокот, кој се одржа зад затворени врати, односно без медиуми, присуствуваа македонскиот претседател Стево Пендаровски, српскиот претседател Александар Вучиќ, хрватскиот Зоран Милановиќ, албанскиот Илир Мета, црногорскиот Мило ukукановиќ, членовите на претседателството на БиХ, Милорад Додик, Жељко Комшиќ, Шефик Џаферовиќ,  и претседателката на Косово Вјоса Османи.

– Рибарски брод утрово исчезна во Црно Море, а во близина на романскиот град Тулча пронајдени се безживотните тела на тројца членови на екипажот.

На бродот имало пет луѓе.

Косовската полиција денеска заплени 400 килограми дрога кокаин во камион натоварен со месо, што пристигнал во градот Липљан, а допатувал во земјата од пристаништето Драч во Албанија, јави дописникот на МИА од Приштина.

Според неофицијални полициски извори на кои се повикуваат косовските медиуми, операцијата за заплена на ова огромно количество дрога, е спроведена во координирана акција на полициите на Италија, Албанија и Косово, а по информации добиени од американската ДЕА.

Во рускиот северозападен регион Коми дојде до излевање сто тони нафта од нафтовод, а девет тони нафта се излеаја во локална река, изјави денеска директорот на Федералната служба за надзор над природните ресурси – Росприроднадзор.

„Пронајдена е нафтена дамка што тече по реката Колва“, напиша официјалниот претставник Светлана Радионова на социјалните мрежи.

-Иран и САД сè уште не ги приближиле ставовите во разговорите за спас на Договорот за иранската нуклеарна програма од 2015 година, објави денеска иранското Министерство за надворешни работи.

Дипломатите кои преговараат во Виена се надеваат дека ќе се договорат за планот за укинување на американските санкции кон кон Иран и за ограничување на нуклеарната програма на Техеран.

-Според Обединети нации од 1 јануари повеќе од 101.000 луѓе се раселени поради конфликтот во Авганистан, што е поголема бројка минатата година.

Дваесет и девет од 34 провинции во Авганистан се погодени од раселувањето, објави денеска Канцеларијата за координација на хуманитарни работи (ОЦХА).

Папата Франциск денеска го именуваше Стивен Чау за нов епископ во Хонг Конг, што долго се одложуваше поради несогласувањата на Ватикан и зголемената загриженост на Западот за прашањата на човековите права во глобалниот финансиски центар.

Чау (61) ќе го замени кардиналот Џон Тонг, кој привремено беше на должност по смртта на претходен епископ Мајкл Јеунг, во јануари 2019 година.

 

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close