МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

17 мај 2021

17 мај 2021

– Сите треба да ги уживаат основните човекови права и не смее да има исклучоци по ниту еден основ. Како општество за жал не сме имуни на предрасуди, стигматизација и говор на омраза кон лицата кои се дел од ЛГБТИ заедницата, напиша претседателот Стево Пендаровски на Фејсбук по повод Меѓународниот ден за борба против хомофобија, трансфобија и бифобија.

– Црквата „Свети Јован Канео“, едно од најрепрезентативните обележја на Охрид, е мотивот на наградената фотографија што ја додели вчерашното издание на неделното издание на лондонскиот весник „Тајмс“.

– Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден на територијата на град Скопје изрече вкупно 253 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 110 санкции, 16 за возење без возачка дозвола, три за минување на затворен сигнал (црвено светло).

– Членови на Планинарскиот-спортски клуб „Голак“ од Делчево во пресрет на одбележувањето на годишнината од Разловечкото востание реализираа планинарски марш до месноста Калаџерџево на 1130 метри надморска висина на планината Обозна над село Разловци. Во рамки на планинарската маршрута долга 20 километри, како што информираше претседателот на клубот Љупчо Чучуковски планинарите ја посетиле куќата на Цоне Спасов – Ингилизов, кој бил еден од куририте на великанот Гоце Делчев.

 Поради уличен дефект ф-150 мм на ул.„Михаил Чаков“ бб, денеска со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од ул. „Михаил Чаков“ и „Ѓорѓи Сугаре“.

Како што информираат од ЈП Водовод и канализација, водоснабдувањето ќе биде прекинато од 9:00 часот до завршување со санација на дефектот.

– Без вода утре од 8:30 до 9:30 часот ќе бидат корисниците на дел од населба Радишани. Како што информираат од ЈП Водовод и канализација Скопје, прекинот е поради чистење и дезинфекција на лева комора од резервоар Радишани.

– Во издание на Општина Куманово од печат излезе зборникот „Навраќање кон Конески“, што го приредија Свето Стаменов, новинар на Македонското радио – Радио Скопје и познат македонски публицист и проф. д-р Вера Стојчевска – Антиќ, универзитетски професор и истакнат македонски историчар на книжевност, книжевен теоретичар и славист.

– Пандемијата на коронавирусот ќе остави долгорочни рани врз општеството, предупреди германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер на екуменска конференција во Франкфурт.

–  Три лица загинаа кога непознат маж со нож нападнал минувачи во близина на железничката станица во рускиот град Екатеринбург, за Е1.РУ изјавија очевидци, додека  извор од регионалната влада кажал дека точниот број на жртви и околностите на инцидентот се уште се испитуваат.

– Истражување на Кралскиот колеџ во Лондон, Велика Британија, открива нови наводи за поврзаноста меѓу ниско-системското воспаление и депресијата. Имено, испитувањата идентификуваа повисоки нивоа на воспалителен биомаркер кај депресивни лица отколку кај недепресивни лица.

– Спасувачкиот брод Морско Око 4 во последните неколку дена спасил околу 330 мигранти кои се обиделе да го преминат Средоземното Море, соопшти денеска германскиот оператор на приватниот брод.

 Напаѓачот на Барселона, Лионел Меси го отвори резултатот на синоќешниот меч од шпанскиот шампионат со Селта (1:2).

 Главниот тренер на Милан, Стефано Пиоли, е разочаран од нерешениот исход со Каљари (0:0) во претпоследното коло од Серија А. По ова реми Милан многу си ја отежна позицијата на табелата и сега за пласман во Лигата на шампионите најверојатно ќе му треба победа во последното коло на тешкото гостување кај Аталанта.

 

Back to top button
Close
Close