14 мај 2021 

– Северна Македонија и Албанија во март лани добија зелено светло за  почеток на преговорите и двете земји заслужуваат да ги одржат првите меѓувладините конференции и да ги почнат преговорите без никакво одложување, порачаа  на заедничката прес-конференција во Скопје министерот за надворешни работи, Бујар Османи и амбасадорот Зеф Мази, главен преговарач за пристапување на Република Албанија во ЕУ.

– Претседателот Стево Пендаровски го извести претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, дека одлучи да не го потпише Указот за прогласување на Законот за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти, информираат од претседателскиот кабинет. Текстот на Законот, според претседателот, е во спротивност со некои од темелните вредности на Уставот, како и со уставни одредби кои произлегуваат или се во врска со темелните вредности на Уставот.

– Министерот за надворешни работи Бујар Османи веќе упатил писмо со честитка до новиот шеф на бугарската дипломатија во привремената влада Светлан Стоев и очекува состаноци, вели, оваа недела во насока на одржување на Меѓувладината комисија и за отворање пат за преговори.

– Официјалниот почеток на туристичката сезона во Грција го означи и крајот на над шестмесечниот карантин во земјата, а по 188 дена „локдаун“, Грците од денеска можат слободно да се движат, без да биде потребно да испратат смс порака, но и слободно да патуваат од еден во друг град, јави дописничката на МИА од Атина.

– Претседателот на Словенија, Борут Пахор, кој е во посета на Белград, изјави дека мирот и стабилноста на Западен Балкан можат да се зачуваат само со релативно брз влез на сите земји од регионот во ЕУ.

– Кампањата за вакцинација против коронавирус во Англија спаси скоро 12.000 животи, а повеќе од 30.000 постари луѓе не завршија во болници со тешка форма на болеста, покажа студија објавена денеска од англискиот Институт за јавно здравје (ПХЕ).

– Вакцините против Ковид-19 врз база на мРНК технологија како што се на Фајзер/Бионтек и Модерна се чини дека се ефикасни против индискиот вид коронавирус, соопшти Европската агенција за лекови (EMA).

– Најмалку 12 лица загинаа во експлозија во џамија во близина на авганистанскиот главен град, соопшти локалната полиција.

Според план-календарот на Федерацијата за коњички спорт на РС Македонија, Коњичкиот клуб „БРАВАДОС“ од Скопје на терените во Волково, утре ќе го одржи „Мајскиот коњички турнир“.

 

Back to top button
Close
Close