14 мај 2021

– Најфреквентниот граничен премин Богородица кон соседна Грција утрово функционира нормално во очекување на поголемо сообраќајно раздвижување на патници и туристи, но граничниот премин Евзони на грчка страна, и покрај најавите, до овој момент, се уште не е отворен, потврдија од дежурната служба на ГП Богородица.

– Повеќе здруженија на граѓани и мрежи од граѓански организации ги поздравуваат реформите предвидени во Предлог законот за учебници и други наставни и дидактички материјали и сметаат дека законот ќе донесе позитивни промени и напредок во образовните политики, особено од аспект на унапредување на пристапот до образование, еднаквоста и недискриминацијата во образованието, информираат од Коалицијата Маргини.

– Грција е еден од најпосветените наши пријатели за нашата ЕУ перспектива, истакнува претседателот на Владата на Северна Македонија Зоран Заев во интервју за МИА и открива дека грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис развил неколку позитивни идеи, кои би можеле да помогнат за тргање на бугарската блокада.

– Дополнувања и измени во Законот за домување ќе предложи АД за стопанисување со станбен и деловен простор, а со кои ќе може да ги раскинува договорите со корисниците на станови во таканаречените социјални згради.

Главниот ЕУ преговарач на Република Албанија, Зеф Мази за време на денешниот престој во Скопје ќе има средби со претседателот на Собранието, Талат Џафери и со министерот за надворешни работи, Бујар Османи. 

– Албанската министерка за здравство и социјална заштита, Огерта Манастирлиу, информираше дека во земјата до сега против Ковид-19 се имунизирани над 638 илјади лица.

– Вакцината на Фајзер/Бионтек против коронавирус кај постари лица произведува три и пол пати поголема реакција на антитела кога втората доза се одложува до 12 недели по првата, покажа британско истражување.

– Индискиот премиер Нарендра Моди ги предупреди своите сонародници да преземат дополнителни мерки на претпазливост бидејќи разорната епидемија на коронавирусот во земјата брзо се шири во руралните области, каде живеат речиси две третини од 1,4 милијарди Индијци.

Сакраменто ноќеска загуби од Мемфис со 116:110 и ги загубите теоретските шанси за пласман во плејофот од НБА-лигата. Кралевите нема да учествуваат во разигрувањето за трофејот 15-ти пат по ред.

Back to top button
Close
Close