14 мај 2021

– Укинување на ограничувањето на работното време и на одлуката за забрана со работа во внатрешните делови на угостителските објекти или во најмала рака дозвола за работа во внатрешноста на оние објекти кои имаат „златен сертификат“, се дел од барањата што Независната угостителска комора утрово ќе испратила до Комисијата за заразни болести и до Министерството за здравство.

– Министерката за образование и наука Мила Царовска денеска во Охрид ќе ги посети училиштата „Ванчо Питошески“ и „Наум Охридски“.

– Вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров утрово во рамки на Делфи економскиот форум во Атина ќе се обрати на панел посветен на ЕУ и Западен Балкан.

– Министерството за внатрешни работи демантира дека синоќа имало престрелка во скопската населба Ченто како што објавија дел од медиумите. Во соопштението од МВР се наведува дека се работи за сообраќајна незгода, а не за престрелка.

– Министерката за одбрана Радмила Шекеринска заедно со началникот на Генералштабот, генерал потполковник Васко Ѓурчиновски денеска на Криволак ќе учествуваат на брифинг за новинари за претстојната вежба „Одлучен удар 21“.

– За време на меѓународната конференција на Атлантскиот клуб во Бугарија „Ние сме пред иднината: Подготовки за НАТО 2030 година“, американската амбасадорка во земјата Херо Мустафа ја истакна борбата против корупцијата како многу важен елемент. Како што јави дописникот на МИА од Софија, пренесувајќи ја изјавата на амбасадорката, борбата против корупцијата е директно поврзана со позицијата на Бугарија како стабилна членка на НАТО на југоисточното крило на Алијансата.

– План за драстично намалување на сообраќајот со автомобили во центарот на француската престолнина Париз до 2022 година, е предложен од Градскиот совет. Се работи за ограничување на сообраќајот во четири централни области, давајќи им приоритет на велосипедистите, пешаците и јавниот превоз наместо тоа.

– Каиро ќе одговори на одбивањето на Израел за хуманитарно примирје во Појасот Газа со замрзнување на голем број области на соработка со неа, објави телевизијата Ал-Арабија повикувајќи се на дипломатски извори.

Борусија Дортмунд го победи РБ Лајпциг со 4:1 во финалето на Купот на Германија одиграно синоќа во Берлин.

– Времето денеска во земјава ќе биде сончево со мала до умерена облачност, попладне во планинските региони со услови за краткотраен локален дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од западен правец, поизразен во западните делови.

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close