12 мај 2021 

– По спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, (ОЈО ГОКК)  денеска до Одделението за организиран криминал  и корупција при Основниот кривичен суд Скопје достави обвинителен акт против шест лица, соопштија од ОЈО ГОКК.

– Претседателот на Независната угостителска комора Здравко Јосифовски смета дека е неправедно доколку финансиска поддршка добијат само угостителските објекти чија примарна дејност е служење храна и пијалоци.

– Премиерот Зоран Заев, придружуван од вцепремиерот задолжен за европски прашања Никола Димитров, во рамките на работната посета на Кралството Шпанија, како прв македонски премиер во посета на оваа земја, оствари средба со претседателката на Сенатот на Шпанија, Марија Пилар Љоп Куенка, соопшти владината прес-служба.

Сертификат „Чисто и безбедно“ за угостителите кои ќе ги применуваат протоколите за работа ќе издава Независната угостителска комора. Добивањето на таканаречениот „златен сертификат“ со којшто се гарантира Ковид безбедна зона е верификација на сите протоколи направени од страна на Комисијата за заразни болести.

– Ефикасноста на судовите во справувањето со предметите е на задоволително ниво, транспарентноста нема позначајни подобрувања, во квалитетот е забележан мал прогрес а независноста и непристрасноста на правосудството и понатаму остануваат најниско оценета област, покажува Вториот национален извештај кој е заснован на резултатите од мерењето со Матрицата на индикатори за мерење на перформансите и реформите на правосудството. Според извештајот, професионалниот развој и правична застапеност е областа која е оценета со највисока оцена.

–  Европската унија мора да признае дека земјите од Западен Балкан кои се стремат кон членство ја губат вербата во долгорочната стратегија за проширување на Брисел, влошена од првичниот неуспех на унијата да обезбеди вакцини против Ковид-19. Тоа се нагласува во внатрешен документ во кој имале увид западни новински агенции.

– При преземањето на функцијата, времениот министер за одбрана на Бугарија Георги Панајотов истакна дека главната задача на времената влада е организирање и одржување на предвремените парламентарни избори на 11 јули.

Судски спор против Европската комисија доби американскиот гигант за електронска трговија, Амазон,  врз основа на претставка поврзана со наредбата на Комисијата да му плати на Луксембург разлика од 250 милиони евра на име даночно олеснување.

– Иако гладот не е голем проблем во Европа и Централна Азија во последните 20 години, регионот делумно се соочува со зголемување на умерена несигурност во храната (што подразбира нередовен пристап до хранлива и доволна храна), истовремено справувајќи се со распространет брз раст на дебелината, соопшти ФАО.

Спортскиот директор на Кошаркарската федерација на С Македонија, Тодор Гечевски, ја отвори денешната прес-конференција за завршницата од Купот во машка конкуренција со посвета. Посвета кон оној чие име од ова издание ќе го носи националниот Куп – Благоја Георгиевски Буштур.

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close