12 мај 2021

– Министерката за образование и наука Мила Царовска денеска ги посети средните општински училишта „Никола Карев“ и „Димитар Влахов“ во општина Струмица во рамки на втората фаза од кампањата за промоција на средното стручно образование „Учи паметно, работи стручно“.

– Активности за реконструкција на локални улици во општините стартуваат од денеска во рамки на проект вреден 70 милиони евра. Во прва фаза реконструираме 27 улици во 17 општини за што инвестираме преку четири милиони евра, информира министерот за транспорт и врски Благој Бочварски при денешната посета во општина Богданци.

– Владата денеска како лаги и манипулации ги оквалификува информациите дека премиерот Зоран Заев имал контакти со Седат Пекер.

– Економското опоравување на Северна Македонија, кое нагло запре во 2020 година, бидејќи пандемијата ја погоди домашната и странската побарувачка, во текот на 2021 и 2022 година, се очекува да добие цврста основа. Реалниот раст на БДП во просек би изнесувал 3,7 отсто, а во 2022 ќе биде 3,8 проценти. Надворешниот сектор веројатно нема да придонесе за раст. Јавните финансии се предвидува да се подобрат во согласност со економското закрепнување и постепеното укинување на фискалната поддршка.

– Со Закон за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти што вчера беше усвоен во Собранието, ќе се реши урбанистичкото дивеење, велат од Владата. Прогрешна е тезата дека ќе може се и сешто во секое подрачје да се легализира, нагласуваат од Владата и додаваат дека во законот точно е прецизирано каде и кои објекти ќе може да бидат легализирани.

– Во март се издадени 338 одобренија за градење што е за 54,3 проценти повеќе од истиот месец лани, објави денеска Државниот завод за статистика.

– Од утре во Црна Гора ќе биде бесплатен ПЦР тестот за сите туристи на кои им е потребен за враќање во своите матични земји, соопшти црногорското Министерство за здравство.

– Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган и неговиот руски колега Владимир Путин телефонски разговараа за неодамнешните израелски напади врз палестинскиот народ, но и за испораката на вакцината Спутник В, објавија турските медиуми.

– Пандемијата на Ковид-19, која однесе животи на повеќе од 3,3 милиони луѓе, зарази повеќе од десетици милиони и ја уништи светската економија „можеше да се избегне“, според извештајот на независни експерти на СЗО, јави дописникот на МИА.

– Со цел поддршка на македонскиот фудбал и создавање услови за нови успеси и победи на сегашните и на идните генерации фудбалери, Комерцијална банка АД Скопје и Фудбалската федерација на Македонија склучија Договор за спонзорство за наредните три години.

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close