11 мај 2021

– Премиерот Зоран Заев, придружуван од вицепремиерот задолжен за европски прашања Никола Димитров и со министерот за надворешни работи Бујар Османи, во изминатите два дена оствари средби со највисоките претставници на Европската Комисија и на Европскиот парламент, како и средби со неколкумина министри за надворешни работи на земјите членки на ЕУ.

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност информира дека рокот за поднесување на апликации за Програмата Еразмус+ „Клучна акција 1“ се продолжува, наместо 11 мај 2021 година, сите заинтересирани ентитети своите апликации ќе можат да ги поднесат до 18 мај 2021 година во12 часот (пладне), бриселско време.

– Министерката за одбрана Радмила Шекеринска потврди дека офицер на Армијата на Северна Македонија кој учествува во Мисијата на ЕУ во Централно – Африканската Република (ЦАР) вечер треба да пристигне во Скопје со медицинска евакуација. 

Раст на бруто-домашниот производ од 3,9 отсто годинава и наредната година и 4 отсто во 2023, предвидува Народната банка во најновите макроекономски проекции.  Инфлацијата за годинава е проектирана за 2,2 отсто годинава, што е зголемување во однос на претходната проекција, што изнесуваше 1,5 отсто.

– На потег е Собранието и пратеничките групи, вклучителнио и пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ да покаже дека ја цени Армијата да ги повлече амандманите, истакна денеска министерката за одбрана Радмила Шекеринска, одговарајќи на новинарско прашање за блокадата на опозицијата на Предлогот за измени на Законот за служба во Армијата.

– Албанскиот претседател Илир Мета реагираше во врска со студијата на Глобалната иницијатива против транснационален организиран криминал – ГИ (Global Initiative against Transnational Organized Crime – GI) за регионот на Балканот, насловена „Анализа на протекот на луѓе, дрога и пари на Западен Балкан“, во која се наведува дека средствата обезбедени главно од меѓународната трговија со дрога се перат во градежниот и туристичкиот сектор во Албанија.

– „Сина слобода“ е насловена новата операција на грчката Влада за вакцинација на постојаните жители на островите што треба да заврши до крајот на јуни, како што денеска соопшти премиерот на Грција Кирјакос Мицотакис на состанокот преку видеоконференција со градоначалниците на островите, јави дописничката на МИА од Атина.

Москва предложи да се разговара за контролата на оружјето и безбедносните прашања на евентуалната средба меѓу рускиот претседател Владимир Путин и американскиот претседател Џо Бајден, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

– Руската телевизија НТВ објави драматична снимка од евакуацијата на училиште во рускиот град Казан, во која тинејџер уби седум ученици и една наставничка.

– Канцеларијата на Високиот комесаријат на ОН за човекови права изрази загриженост во врска со ескалацијата на насилството во Израел и окупираните палестински територии и повика за прекин на огнот, осудувајќи ги провокациите, изјви портпаролот Руперт Колвил за време на брифингот во Женева.

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) денес во Струмица официјално го пушти во употреба и го предаде на користење најновиот терен со вештачка трева (без полнење со вештачка гума) наменет за ФК Академија Пандев.

Back to top button
Close
Close