7 мај 2021

– Естонското искуство и перспектива од интегративниот процес е многу важно, гледајќи ја трансформацијата што го овозможи процесот и членството во ЕУ. Токму ова искуство, пренесено низ зајакната билатерална соработка во различните сфери може многу да ѝ користи на Северна Македонија на најзиниот пат кон европеизација, порача денеска заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров по средбата со Сим Калас – претседавач со Комитетот за европски прашања и Марко Михкелсон – претседавач со Комитетот за надворешни работи во естонскиот Парламент во Талин.

– Собраниската Комисија за транспорт, врски и екологија денеска ги поддржа предложените измени на Законот за третман на бесправно изградени објекти, во прво читање, со кои се пролонгира за пет години примената на овој закон, како и Предлог законот за утврдување правен статус на бесправно изградени објекти, по скратена постапка, а кој пак овозможува легализација на дивоградби изградени до октомври 2019 година.

За проектот за изградба на нов Клинички центар во општината Ѓорче Петров треба да покажеме капацитет за консензус, да ги размениме мислењата, да дадеме соодветни предлози заради тоа што сите ние имаме одговорност пред граѓаните, истакна денеска на прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче на која укажа на процесот на подготвката на законот за изградба на новиот Клинички центар и потсети на постапките кои се спроведувани во изминатите повеќе од две, три години.

– Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска имаше воведно обраќање на состанокот на проектните партнери и претставниците од министерствата за надворешни работи на земјите на Западен Балкан и Вишеградската група во рамките на проектот, „Тинк Балкан“ (Think Balkan).

Ниту е нешто тајно, ниту е нешто сомнително, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче на обвинувањата на опозицијата за наводен криминал при набавката на кинеските вакцини.

– Премиерот Зоран Заев во врска со одбивањето на Косово да го екстрадира Африм Исмаиловиќ, осомничен во случајот „Монструм“ истакна дека државата нема да се откаже од тоа и ќе бара да се спроведе меѓународното право и и билатералните договори кои двете земји ги имаат постигнато. 

– Висок дипломатски извор од ЕУ институциите вели дека ставот на шефот на ЕУ дипломатијата е дека преговорите треба да бидат отворени со Албанија и Северна Македонија што е можно поскоро, јави дописничката на МИА од Брисел.

– Не смееме да дозволиме Западен Балкан да остане црна дупка во центарот на Европа, рече министерот за надворешни работи на Грција Никос Дендиас за време на неговото онлајн учество на панел дискусија на Форумот за иднината на ЕУ-САД, организиран од во рамките на Атлантскиот совет, јави дописничката на МИА од Атина.

– Албанскиот парламент на денешната пленарна седница го прифати барањето на парламентарната законодавна комисија за формирање анкетна комисија за разрешување на претседателот Илир Мета, јави дописничката на МИА од Тирана.

Германскиот комитет за вакцини СТИКО ќе ја предложи вакцината против коронавирус на „Џонсон и Џонсон“ за лица постари од 60 години, објави денеска Шпигл.

Компанијата Пивара Скопје постигна договор  со Фудбалската федерација на Македонија за поддршка на репрезентацијата на нејзиниот настап на претстојното Европско првенство што ќе се игра од 11 јуни до 11 јули.

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close