7 мај 2021

– Се чувствувам добро по примање на вакцината и уште еднаш апелирам до граѓаните да се вакцинираат бидејќи сите вакцини се безбедни и предизвикуваат имунизација. Според планот, октомври е оптимален месец за да се имунизираат 70 проценти од граѓаните, рече денеска премиерот Зоран Заев по своето обраќање во Тетово, во одговор на новинарско прашање.

– Премиерот Зоран Заев го поздрави дијалогот на претседетлот Стево Пендаровски со лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, но, вели, не очекува ништо од денешната средба по однос на прашањето за настаните од 27 април во Собранието.

– Ова е значаен ден затоа што станува збор за структура која има незаменлива улога во спроведувањето на законите, одржувањето на јавниот ред и мир, почитувањето на човековите права и слободи и заштитата на државните граници. Со само еден поглед, врз овие исклучително важни надлежности, станува јасно дека од работата на Министерството за внатрешни работи во голема мерка зависи и довербата на граѓаните во својата држава и во нејзините највисоки институции, истакна претседателот Стево Пендаровски на денешното одбележување на Денот на македонската полиција.

– Во Технолошко индустриската развојна зона во Тетово денеска е поставен камен темелник на нова заедничка инвестиција на американската компанијата „ЛЕАР“ и „Нормак Инвестмент Груп“, која ќе отвори можност за вработување до 1500 лица.

– Повеќе од 128.000 неформално вработени лица во државата во изминатиот период се соочуваат со ефектите од пандемијата со Ковид-19, но нивниот број би можел да биде поголем имајќи предвид дека многумина ја изгубија својата работа во изминатата година. Најпогодени се секторите каде што се проценува дека има најмногу неформално вработени лица, како земјоделството, градежништвото и услужните дејности. Ова се дел од наодите изнесени во рамки на „Анализата за ефектот од Ковид-19 врз работниците кои се дел од неформалната економија и привремено вработените работници, преку предлог мерки за нивна поддршка“ презентирана денеска во рамки на настанот организиран од Аналитика тинк-тенк.

– Еден ден по отпочнувањето на дијалогот на дел од опозицијата со власта со посредство на европратениците за изборните услови во Србија, во кои едно од барањата е доделување бесплатна национална фреквенција што постои, на телевизија која професионално ќе ја врши својата работа, стана камен на сопнување и за власта и за опозицијата, јави дописникот на МИА од Белград.

– Европската агенција за лекови, ЕМА, ја започна својата ревизија на лекот сотровимаб како можна терапија против Ковид-19, јави дописничката на МИА од Брисел.

Јапонската Влада денеска донесе одлука за продолжување на вонредната состојба надвор од Токио и Осака и да ја продолжи до 31 мај, во обид да се намали инфекцијата со Ковид-19 и да се олесни товарот на болниците.

– Напаѓачот на Интер, Ромелу Лукаку, посакува што повеќе квалитетни фудбалери во Серија А со што би се подигнал квалитетот на лигата. На Серија А и се потребни играчи од високо ниво. Ибрахимовиќ сака да победи за себе, јас за Интер и Роналдо за Јувентус. Сега Жозе Мурињо дојде во Рома. Сето ова е добро за италијанскиот шампионат. Нивото на лигата се зголемува. Се надевам дека Интер може повторно да го освои Скудетото, истакна Лукаку.

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close