6 мај 2021

– Националната опера и балет традиционално во мај го организира меѓународниот фестивал „Мајски оперски вечери“. Поради пандемијата на коронавирусот, оваа година фестивалот нема да се одржи, но во негово одбележување, Националната опера и балет ќе одржи серијал на концерти насловени „Мајски концерти“.

– Ние немаме деловен однос со скопската фирма преку која е набавена противпожарната скала „Армор плус“. Градските пари не се прелеваат на сметката на „Армор плус“, и оттука не постои конфликт на интереси, рече денеска градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов. 

– Синдикатот на полицијата во Македонија на 8 мај ќе одржи протест под паролата „За ред, за правда, за дисциплина“, поради, како што наведуваат, притисокот кон полицијата, незаконски распределувања, недоволен број на униформи.

– Претседателот на Владата Зоран Заев, министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска и Милан Живковиќ, советник на премиерот, за труд и социјална политика, денеска имаа средба со претставници на Сојузот на здруженија на пензионери (СЗПМ), претседателката Станка Трајкова, придружувана од потпретседателот и секретарот на Извршниот одбор Ментор Ќоку и Менка Темелковска.

– Министерството за образование и наука денеска соопшти дека се исплатени ученичките и студенските стипендии за мај годинава.

Ако се земат предвид текот на вакцинацијата, оние кои се веќе вакцинирани и граѓаните кои веќе прележале и развиле одбранбен систем, односно антитела, во текот на летото ќе имаме постигнато имунитет, вели министерот за здравство на Грција, Василис Кикиљас во интервјуто за грчката телевизија „Скај“, јави дописничката на МИА од Атина.

– Европската Комисија денеска порача дека Брисел не е затворен за диксусија за американскиот предлог за укинување на патентите за интелектуална сопственост за вакцините, но го смета само за едно од можните решенија, јави дописничката на МИА од Брисел.

Засега нема нови информации за организирање можна средба меѓу Владимир Путин и Џо Бајден, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, јави агенцијата ТАСС.

Кошаркарот на Портланд, Демијан Лилард го прогласи Кевин Дурант за најдобар играч во современата НБА-лига.

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close