6 мај 2021

 Состојбата со корупцијата е многу сериозна и понатаму постојат ризици од корупција што веќе се нотирани во Националната стратегија за спречување на корупција и судир на интереси, на кои укажуваат извештаите од меѓународните институции, изјави Билјана Ивановска, претседател на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), на прес-конференцијата денеска посветена на сработеното во 2019-2020 година, симболично, како што рече, крајот на работењето во старите простории.

– Премиерот Зоран Заев, по повод најавената утрешна средба меѓу претседателот Стево Пендаровски и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, рече дека е приврзаник на дијалогот и оти дијалогот носи консензус, потсетувајќи дека и неговите разговори со Мицкоски, како и со лидерите на Алијанса за Албанците и Алтернатива, Зијадин Села и Африм Гаши, дале резултати.

Општините кои имаат капацитет да обезбедат инфраструктура, сали и слично веќе ги отворија регионалните центри за вакцинација против Ковид-19, истакна премиерот Зоран Заев и апелираше до другите градоначалници, советници и општински власти да направат дополнителни напори за отворање и на други регионални центри за да може да се доближи местото на вакцинирање до граѓаните уште повеќе. Посочи дека сите здравствени домови се место на вакцинирање.

– Извозот на стоки од земјава во првиот квартал годинава бележи раст од 29 осто во однос на тој период лани, објави Државниот завод за статистика.

– Одржана е обука со директорите на средните училишта во пресрет на новата учебна година кога започнува имплементацијата на дуалното образование, на која учесниците беа запознаени со обврските што треба да ги преземат во насока на ефективно партнерство со компаниите кои се дел од концептот и учеството во едукацијата на средношколците, информира Министерството за образование и наука.

– Додека некои луѓе во Србија сè уште не сакаат да вакцинираат, државата апелира што е можно повеќе луѓе да примат некои од достапните вакцини со цел што побрзо да го вратат животот во нормала, јави дописникот на МИА од Белград.

– Европската Комисија денеска порача дека Брисел не е затворен за диксусија за американскиот предлог за укинување на патентите за интелектуална сопственост за вакцините, но го смета само за едно од можните решенија, јави дописничката на МИА од Брисел.

Ако Русија се однесува неодговорно или агресивно, како што беше случајот со кибер нападот на „Солар виндс“, вмешаноста во нашите избори и со тоа што Русија направи со Навални, тогаш ние ќе одговориме, изјави државниот секретар Ентони Блинкен во денешното интервју за Би-би-си. 

– Тренерот на Аталанта, Џанпјеро Гасперини е еден од кандидатите за предводник на Тотенхем.

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close