МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

22 април 2021

22 април 2021

– Замре фреквенцијата на двата гранични премини на македонско-албанската граница кај Дебар, откако албанските власти воведоа двонеделен карантин за секој кој на албанската територија ќе влезе од Северна Македонија и од Грција.

– Министерот за надворешни работи Бујар Османи утре ќе оствари официјална посета на Република Косово.

– Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски и италијанскиот амбасадор Андреа Силвестри, денеска остварија средба во Општина Куманово каде разговараа за досегашната и идната соработка на полето на образованието, но и на економијата.

– Околу 750 лица вработени според Рамковен договор се веќе распоредени по институции, 350-360 остануваат за дораспоредување, поради правни формалности, постапка за засновање работен однос, префрлување на соодветните финансии од една институција на друга.

– Премиерот Зоран Заев, во коментар на реакциите и барањата за и против изградбата на висококатници спроти Холидеј Ин во Општина Центар, денеска порача дека Скопје треба да продолжи да се гради, но со мерка, со почитување на законите за урбанистичко планирање и за градење. Тој потенцираше и дека е важна усогласеноста на Генералниот и деталниот урбанистички план.

– Секој исчекор што ќе го направи мешовитата македонско-бугарска Комисија за историски и образовни прашања ќе биде исчекор кон изнаоѓање на решение на проблемот што го имаме со Бугарија. Секоја помош од трета страна е добредојдена, изјави премиерот Зоран Заев.

Откако „Демократска Бугарија“ вчера ја одби поканата на коалицијата ГЕРБ-СДС за преговори за формирање нова бугарска влада, денеска и партијата на Слави Трифонов „Има таков народ“ официјално го стори истото.

– Пратениците од бугарскиот новоизбран парламент воведоа мораториум на концесии и назначувања извршени од владата на Бојко Борисов во оставка. Мораториумот беше поддржан од 151 пратеник од вкупно 240.

– Европската комисија денеска соопшти дека нема да ја спроведе опцијата за купување 100 милиони дополнителни вакцини против Ковид-19 на Астра Зенека, што е вклучена во актуелниот договор за набавка што ЕУ го има со оваа компанија.

– Експертите од Светската здравствена организација (СЗО) ќе ја проценат вакцината против Ковид-19 на кинескиот производител Синофарм на 26 април за можно одобрување за итна употреба, по што на 3 мај треба да следи проценка на втората кинеска вакцина произведена од Синовак, соопшти денеска СЗО.

Тимот на МЗТ Скопје Аеродром попладнево забележа победа над Младост Земун со 92:86, но разликата од шест поени не беше доволна да се анулира негативата од 20 поени од првиот дуел (75:95) одигран пред два дена. Така, македонскиот претставник кој имаше амбиции да го освои првото место и да се врати во АБА 1 лигата, испадна уште во четврфиналната фаза.

Back to top button
Close
Close