МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

22 април 2021

22 април 2021

– Втората фотоволтаична централа со моќност од 1,2 мегавата, која е дел од триделниот фотоволтаичен парк со 2,2 мегавати, денеска беше пуштена во употреба во селото Теново во Општина Брвеница. Таа е една од вкупно 27-те централи кои склучија договор за право на користење на премија за електрична енергија произведена од фотонапонски електроцентрали изградени на земјиште во приватна сопственост на јавниот повик што беше објавен во 2019 година.

– Буџетот е ликвиден и сите обврски во државата како и кон надворешните кредитори се исплаќаат навремено. Пензиите за месецов со одлука на Влада ќе се исплаќаат од 26 април, исплатата по однос на мерките се одвива навремено, капиталните расходи се реализираат согласно предвидената динамика, приходите во Буџетот се подобри од минатата година, а невработеноста се намалува. Мерката за кредитна линија од ЕИБ е во финална постапка, со чија реализација процентот на имплементација на мерките ќе се зголеми на 92 отсто, вели заменик министерот за финансии, Димитар Ковачевски.

Државната комисија за спречување на корупцијата во однос на предметот со наводи против градоначалникот на Куманово за злоупотреба на неговите овластувања со трошење пари на незаконски начин за лични потреби и за негови блиски лица, кои не биле вработени во општината донесе заклучок дека исплатата и распредлебата на средствата за реализација на Програмата за развој на спортот и рекреативните активности на граѓаните во Општина Куманово за 2019 година не е транспарентна. Заклучи и дека е нејасно како се распределени средствата во спортските клубови и дали се финансирани други рекретативни спортски активности на граѓаните, кога сите средства се исплатени директно на Општинскиот Сојуз на спортови.

– Дигиталните учебници ќе се воведуваат етапно во образованието и целосно за пет години. Од 2021/2022 ќе се применуваат само во четврто одделение, рече министерката Мила Царовска, која повтори дека учебниците што сега се користат го немаат потребниот квалитет, не се усогласени со новите наставни програми и не ги пресретнуваат потребите на учениците за знаења и истражувања.

– Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1585 и има околу 400 празни болнички кревети во ковид центрите. На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 924 пациенти, а во ковид-центрите во Скопје 661 лице, информираат од Министерството за здравство.

– Македонската академија на науките и уметностите со жалење ја известува јавноста дека денеска во 82 година од животот, почина академик Богомил Ѓузел, редовен член на МАНУ. По повод смртта на академик Ѓузел, МАНУ ќе одржи Комеморативна седница преку видеоконференциска врска со употреба на интернет-комуникација, за што јавноста дополнително ќе биде информирана.

Народниот правобранител на Албанија, побара поништување на одлуката за задолжителен двонеделен карантин за лицата кои влегуваат од Северна Македонија и Грција, оценувајќи при тоа дека тоа го спречува остварувањето на нивното уставно право на глас.

–  Германија и Франција денеска побараа повеќе време да разгледаат дали ЕУ ќе ја тужи Астра Зенека за намалување на испораките на договорени вакцини, јавија германски медиуми, повикувајќи се на изјави на двајца дипломати. Тие тврдат дека повеќето членки на ЕУ ги поддржуваат правните постапки.

– Киднаперите во Нигерија побараа побараа откуп од 800 милиони наира (2,1 милиони долари) за ослободување на 23 студенти, објави нигерискиот весник „Авангард“.

Тимот на МЗТ Скопје Аеродром попладнево забележа победа над Младост Земун со 92:86, но разликата од шест поени не беше доволна да се анулира негативата од 20 поени од првиот дуел (75:95) одигран пред два дена. Така, македонскиот претставник кој имаше амбиции да го освои првото место и да се врати во АБА 1 лигата, испадна уште во четврфиналната фаза.

Back to top button
Close
Close