МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

20 април 2021

20 април 2021

– Шестиот пакет-мерки, вреден 17,8 милиони евра, содржи таргетирана финансиска помош за околу 10.000 компании и околу 60 илјади вработени.

Опфатени се 12 категории на дејности меѓу кои угостителските објекти кои не работат поради рестриктивните мерки во изминатите 14 дена, потоа ноќните клубови, рестораните за свадби, евент индустријата, фитнес центрите, фотостудијата и приватните детски одмаралишта. Мерки има и за туристичките агенции.

– Министерството за животна средина и просторно планирање ја достави својата втора национална заложба за климатска акција пред Рамковната конвенција на Обединетите нации за климатски промени (UNFCCC) со која земјава се заложи да ги намали нето емисиите на стакленички гасови за 82 отсто до 2030, споредбено со нивото од 1990 година.

– Еднократна финансиска помош за регистрираните угостителски објекти на кои повеќе од една година им е забранета примарната дејност, но и финансиска помош за секоја туристичка лиценцирана агенција побараа денеска угостителите и туристите, кои се собраа на протест пред Министерството за финансии.

 – Поради влошената состојба со вирусот Ковид-19 во месеците април и мај 2021 година, голем дел од јавните здравствени установи работат како ковид центри и заради непречено издавање на рецепти, боледување и ортопедски помагала, Фондот за здравствено осигурување информира дека за да им излезе во пресрет на осигурените лица во овој период, важењето на специјалистичките извештаи кое беше со датум не постар од 1 декември 2019 година, го врати со датум не постар од 1 октомври 2019 година.

– Медиумите имаат важна улога во одржувањето на солидарноста и почитувањето на различностите, како и клучна улога во подигањето на свеста за прашања што влијаат на различни групи во општеството. Покрај промовирањето на слободата на изразување и демократските вредности, медиумите имаат улога и во инклузивно известување за различноста, особено во овој период на пандемија.

 Во Затвор-Штип нормализирана е состојбата со ширење на коронавирусот, изјави за МИА директорот Мики Тодоров и информира дека утре од изолација излегуваат петмина осуденици и тројца вработени.

– Советот на Народната банка одржа редовна седница на која беше усвоена Одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за начинот и условите под кои резидентите коишто не се овластени банки, можат да отвораат и да имаат сметки во странство, соопшти Народната банка.

– Вкупно 1667 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот се лекуваат на инфективните оддели и во болниците во земјава, при што во ковид-центрите има околу 360 празни болнички кревети, соопшти Министерството за здравство.

– Велигденската свечена литургија, оваа година во Грција, поради рестрикциите ќе се поместат и наместо на полноќ, ќе се одржат во 21 часот, согласно одлуките на Светиот синод на Грчката православна црква, јави дописничката на МИА од Атина.

– Просечната нето-плата по вработен исплатена во Хрватска во февруари годинава изнесува 7.038 куни (929 евра), што на годишно ниво е реално повеќе за 3,4 проценти, покажуваат податоците што денеска ги објави Државниот завод за статистика (ДЗС).

– Велика Британија е сериозно загрижена за распоредувањето на руски сили на границата во Украина и сака ситуацијата да деескалира, изјави денеска британскиот министер за надворешни работи Доминик Раб.

– Маркус Зедер денеска ја повлече кандидатурата за канцелар на федералните парламентарни избори во Германија, што се закажани на 26 септември во корист на Армин Лашет.

– Претседателот на Чад, Идрис Деби (68) почина од повреди здобиени додека ги обиколуваше војниците на фронтот во борбата против бунтовниците на северот на земјата, соопшти армијата.

Младост Максбет е многу близу до пласман во полуфиналето од плејофот во регионалната кошаркарска АБА 2 лига, откако попладнево во првиот меч од четвртфиналето го совлада македонскиот претставник МЗТ Скопје Аеродром со 95:75.

Back to top button
Close
Close