МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

30 јуни 2020

30 јуни 2020

– Успеавме да поместиме три парчиња од мозаикот кои се однесуваат на подобрување и на животниот стандард на пензионерите, развој на посебни услуги кои ќе ги поддржуваат, но и да го стабилизраме пензискиот систем кој е значаен и за сегашните и за идните пензионери. Покрај тоа, успеавме и да ја покачиме просечната пензија, рече вицепремиерката задолжена за економски прашања Мила Царовска по средбата со здуженијата на пензионери.

– Домаќинствата во Западен Балкан трошат приближно три пати повеќе енергија од европските земји што претставува товар за семејниот буџет. Различни иницијативи се обидуваат да создадат свесност за ова прашање и да ги променат навиките на луѓето,а она од што треба да се почне за да се намали прекумерната потрошувачка на енергија во куќа или стан, е намалување на загубите на топлина со изолација на ѕидови и покриви, како и инсталирање енергетски ефикасни прозори и врати. После тоа, треба да се одбере ефикасен систем за греење.

– Горчлив е вкусот на разделбата и сите неостварени планови, но слатки се спомените за заеднички совладаните предизвици и споделената енергија, напиша на социјалните мрежи обвинителката и портпаролка на Специјалното јавно обвинителство, Ленче Ристоска, по повод последниот рaботен ден на СЈО, моментот го опиша како горчиво-сладок.

– Косовскиот претседател Хашим Тачи изјави вечерва дека доколку се потврди обвинението за воени злосторста, кое е покренато против него пред Меѓународниот суд за Косово, ќе поднесе оставка од претседателската функција, јави дописникот на МИА од Приштина.

– Поради „небезбедност на нивната работа“ над 1.000 здравствени работници синоќа излегоа на протест во шпанската престолнина Мадрид, пренесоа светските агенции.

– Разорни пожари се шират низ Калифорнија, поради што од вчера се вршат принудни евакуации од населбите околу Салтон Си, на јужниот дел на оваа американска сојузна држава.

– Велика Британија е меѓу најтешко погодените земји во групата Г7, според анализата на Би-Би-Си по првиот бран на пандемија на коронавирус.

Back to top button
Close
Close