МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

20 април 2021

20 април 2021

Многу е веројатно дека вакцината против КОВИД-19 ќе стане сезонска, а имајќи го предвид досегашното искуство и проблемите, во периодот што следи, српскиот Институт за вирусологија, вакцини и серуми „Торлак“, ќе биде наш стратешки партнер за набавка на вакцини. најави министерот за здравство Венко Филипче на заедничка прес-конфернеција со српскиот колега Златибор Лончар.

– Во Србија досега против Ковид-19 се вакцинирале нешто под 15.000 државјани на Северна Македонија, информира српскиот министер за здравство Златибор Лончар на денешната заедничка прес-конференција во Белград со македонскиот колега Венко Филипче.

Делегација на Вооружените сили на Романија, предводена од началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Даниел Петреску, во рамки на еднодневната официјална посета на Република Северна Македонија, денеска престојуваше во Генералштабот на Амијата и Министерството за одбрана.

– Во март не им била исплатена плата на 54.662 работника, а во февруари на 9.947 работници, објави денеска директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска.

– Договоривме Институтот за вирологија, вакцини и серуми „Торлак“ од Белград во периодот пред нас да биде наш стратешки партнер за набавка на вакцини против Ковид-19. Многу е веројатно оваа вакцина да стане сезонска, рече денеска министерот за здравство Венко Филипче на заедничката прес-конференција во Белград со неговиот српски колега Златибор Лончар.

– Незадоволство од мерките на грчката Влада за справување со пандемијата изразуваат 51 отсто од граѓаните, додека пак 55 проценти се задоволни од планот и спроведувањето на процесот на имунизација во земјата согласно резултатите од истражувањето на јавното мислење спроведено од агенцијата „Alco“ за телевизијата „Open“, јави дописничката на МИА од Атина.

– Амбасадорот на Република Бугарија во Москва, Атанас Крастин, е повикан во Министерството за надворешни работи на Руската Федерација, каде му е соопштено дека двајца дипломати од бугарската Амбасада се прогласени за персона нон грата, соопшти бугарското Министерство за надворешни работи.

– Маркус Зедер денеска ја повлече кандидатурата за канцелар на федералните парламентарни избори во Германија, што се закажани на 26 септември во корист на Армин Лашет.

– Кинескиот претседател Си Џинпинг повика на вложување напори за зајакнување на меѓународната соработка во истражувањето и развојот, но исто така и во производството и дистрибуцијата на вакцини против коронавирус.

Проектот Супер лига е неприфатлив и клубовите кои изразија поддршка со свој потпис ќе сносат последици, најави денеска претседателот на Светската фудбалска асоцијација (ФИФА) Џани Инфантино.

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close