МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

13 април 2021

13 април 2021

– Собранието, во рамките од денешниот дел од работата по дневниот ред на 32-та седница, ја започна расправата за Национална стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси 2021-2025. Расправата ќе продолжи по редовната едночасовна пауза.

– Кривичниот суд – Скопје, му одреди мерка притвор на Сашо Мијалков, обвинет во случајот „Трезор” до правосилност на пресудата. Ова одлука следеше по предлог на јавниот обвинител Трајче Пеливанов, кој истакна дека постои опасност од бегство. На обвинетиот Небојша Стајковиќ, пак, му одреди мерка куќен притвор.

Ситуацијата е сериозна и во овој момент имаме благо зголемување на притисокот врз ковид-центрите, односно во текот на вчерашниот ден имало поголем број на нови хоспитализаци, објави на својот фејсбук-профил министерот за здравство Венко Филипче. Состојбата низ болниците секојдневно се менаџира според потребите, исполнетоста и отворањето на нови места за хоспитализација. На утринскиот состанок со директорите на клиниките разменивме информации во однос на состојбата, информира Филипче.

 Коалицијата на Алијансата за Албанците и Алтернатива денеска најави дека ќе ги повлечат амамдманите поднеснени во Собранието за законите од петтиот пакет на економски мерки.

– Седумгодишната образовна програма на Европската Унија „Еразмус +  (2021-2027)“  е официјално објавена. Националната агенција за европски образовни програми и мобилност (НАЕОПМ) соопшти дека Програмата е со историски највисок буџет досега, 28,4 милијарди евра на европско ниво и предвидува повеќе од 10 милиони учесници.

– Хрватска од денеска е зафатена од студен бран и во делови од земјата снежно невреме, некаде со температури и до 18 степени пониски од вчерашните. Делови од земјата се погодени од поројни дождови, некаде има снежна покривка, а во голем дел дува силен ветер.

– Утре Владата на Белгија треба да ги соопшти новите мерки по неколку недели строги забрани за патување и затворање на сите несуштински економски активности и училишта, но олеснувањето ќе биде постепено.

– Центрите за контрола и превенција на болести на САД (ЦДЦ) и американската Управа за храна и лекови (ФДА) препорачаа земјата да ја паузира употребата на вакцината на Џонсон и Џонсон против Ковид-19 откако беа пријавени шест случаи на „редок и тежок“ вид на згрутчување на крвта, јави Си-Ен-Ен.

Back to top button
Close
Close