МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш 

13 април 2021  

– Основното јавно обвинителство Скопје оформи предмет за случајот со измамата за кој обелодени МИА. Од ОЈО за МИА денеска известија дека пристигнало известувањето од Министерството за внатрешни работи за кое покажувавме континуиран интерес изминативе две недели. 

– Хелсиншкиот комитет за човекови права подготви правно мислење во однос на бездржавјанството, со осврт на Законот за државјанството, Законот за странците и Законот за неевидентираните лица во матичната книга на родените. 

– Владата денеска од 12 часот ќе одржи редовна, 65-та седница со повеќе точки на дневниот ред, меѓу кои Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за наставниците и стручните соработниците во основните и средните училишта и Предлог-законот за учебници и други наставни и дидактички материјали во основно и средно образование, на предлог од Министерството за образование и наука. 

– Започна месецот на рамазанските пости. Светите денови кога се култивира и усовршува духовниот раст и подвиг, како и дисциплината кон телесните и другите земни искушенија. Деновите на рамазански пости се потсетник дека милосрдието, почитта, солидарноста, добрината, љубовта и простувањето се вредности кои треба да ги почитуваме и кои не обединуваат како народи, објави денеска на својот фејсбук профил премиерот Зоран Заев. 

– Во рамки на проектот „Корупција? Не во мојата општина!“, Oпштина Карпош беше една од единиците на локланата самоуправа во која се даваше бесплатна правна помош на граѓаните, а тие се информираа како да препознаат и пријават корупција. 

– „AIESEC“ организира „YouthSpeak Forum“, проект со цел обебедување платформа во која младите ќе имаат можност да го искажат својот глас, да се едуцираат за модерните проблеми на локално и глобално ниво, од истомислени компании и организации, кои се залагаат за општествен развиток и соодветно вклучување во дискурсот за нивно решавање, притоа обезбедувајќи посветла иднина за сите нас по пат на ангажирање на висококвалитетна младина која воедно ќе биде главниот двигател на општествените промени во иднина. 

– Во пресрет на христијанскиот празник Велигден, и оваа година ќе се одржи хуманитарната акција „Волшебно велигденско дрво“, наменета за корисниците од Дневниот центар за лица со церебрална парализа и Дневен центар за лица со интелектуална попреченост над 18 години „Пролет“. 

– Десетте пензионирани турски адмирали се ослободени откако една недела минаа во притвор заради давањето изјава за важноста на меѓународниот договор од Монтре за Босфор и Дарданелите, јави ДПА. 

– Имаме намера во текот на оваа седмица, од четврток, селф тестовите да бидат достапни и за други категории граѓани и вработени, кои би биле околу 900.000, рече државниот министер на Грција Јоргос Герапетритис во интервју за грчката телевизија „Open“ и откри дека станува збор за вработените и во јавниот и во приватниот сектор, како што се малопродажбата, судството, угостителството што е отворено, банките, јави дописничката на МИА од Атина. 

– Австрискиот министер за здравство Рудолф Аншобер денеска поднесе оставка. 

– Германската Влада се очекува денеска да се договори за измените во националниот закон за контрола на инфекциите, кои треба му овозможат поголема моќ на Берлин за централно спроведување на мерките против пандемијата на коронавирусот. 

–  Мексико на својата јужна граница распореди повеќе безбедносни сили како дел од обидот да се запре растечкиот број мигранти од Централна Америка да ја минуваат земјата и сакаат да стигнат до САД, изјави портпаролката на Белата куќа, Џен Псаки. 

– Шефот на иранската дипломатија, Џавад Зариф, во писмо до генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, оценува дека блокадата на работата на нуклеарната инсталација во Натанц е „опасна и несовесна саботажа“. 

– Поради одлуката на Јапонија да испушти радиоактивна вода од нуклеарната централа Фукушима во океанот, јапонскиот амбасадор во Сеул е повикан  на разговори во јужнокорејското МНР. 

– Напаѓачот на ПСЖ, Нејмар проговори за неговиот однос со соиграчот Килијан Мбапе. 

 

 

Back to top button
Close
Close