МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

29 јуни 2020

29 јуни 2020

– Во текот на изминатото деноноќие на територијата на Република Северна Македонија по однос на мерката за неносење лична заштита на лице регистрирани се 475 прекршоци.

– Инјекцијата од 28 милиони евра преку домашната платежна картичка, односно преку зголемувањето на приватната потрошувачка за краток период насочена кон домашните производи ќе го амортизира економскиот пад. Во третиот квартал, согласно симулациите направени од Министерството за финансии, благодарение на домашната платежна картичка, економскиот резултат ќе биде подобар за 0,7 до 0,9 процентни поени.

– Словенечката Влада подготвува повеќе нови закони со цел државата да биде подготвена за вториот бран на коронавирусот кој се очекува наесен, јави дописникот на МИА од Љубљана.

– Германија има намера да покрене нова иницијатива за усвојување на резолуцијата на Советот за безбедност на ООН за пандемијата на коронавирусот, најави министерот за надворешни работи, Хајко Мас.

– Кинеското Министерство за надворешни работи денеска ја информира јавноста дека воведува визни ограничувања за американските граѓани кои „се однесуваат непримерено“ во однос на Хонг Конг, откако Вашингтон истото тоа го најави за одредени кинески функционери.

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close