МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

26 јуни 2020

26 јуни 2020

– Во изминатото деноноќие се регистрирани нови 163 заразени лица со Ковид-19, оздравени се 40 пациенти, а починаа три лица. Спроведени се 1.074 тестирања, соопштија од Министерството за здравство.

– Од вкупно активни 3.284 случаи на заразени со Ковид -19 во земјава, 1.862 се во Скопје. Откако пред околу две недели драстично почна да се зголемува бројот на новодијагностицирани од коронавирус во земјава, а со што беше прогласен и вториот пик на епидемијата, во Скопје се бележат највисоките бројки, најмногу во општина Чаир.

– Бугарската полиција го уапси началникот на Одделот за спречување шверц на дрога при Директоратот за борба против организиран криминал, како и уште двајца високи функционери, поради наводно примање поткуп во замена за заштита на локалните и меѓународните трговци со наркотици.

– Француска– Специјалниот претставник на претседателот на САД, Ричард Гренел реагираше на статијата за дијалогот меѓу Белград и Приштина, објавен во американскиот весник „Њујорк тајмс“ и истакна дека никој не планирал брзо решение и дека во негово присуство не се дискутирало за размена на територии.та фармацевтска група „Санофи“ денеска најави дека планира укинување на 1.700 работни места во Европа, од кои илјада во Франција, јави дописникот на МИА.

 

 

Back to top button
Close
Close