МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

26 јуни 2020

26 јуни 2020

– Граничниот премин Богородица од денеска е отворен за излез и влез во земјава, но од соседната страна копнената граница на Грција останува затворена за влез на туристи и патници најмалку до 1 јули.

– Секој заслужува хуман третман, а тортурата не е ништо друго туку злосторство против човештвото. Ова налага сите луѓе, па и на оние кои од која било причина слободата на движење им е ограничена да бидат третирани без да им се погази достоинството, напиша народниот правобранител Иџет Мемети по повод Меѓународниот ден за поддршка на жртвите од тортура.

– Во пресрет на отворањето на границите и аеродромите во Грција на 1 јули, Генералниот секретаријат за цивилна заштита со девет упатства, преку кампањата „Уживајте во престојот и останете безбедни“ , ги информира туристите и посетителите за неопходните мерки за заштита од Ковид-19, јави дописничката на МИА од Атина.

– Германскиот министер за здравство Јенс Шпан денеска предупреди дека граѓаните од окрузите Гитерло и Варендорф не смеат да се стигматизираат затоа што се нови жаришта на коорнавирусот во Германија, откако заразата влезе во објектите на меснопреработувачкиот концерн „Тенис“.

– Претставничкиот дом на американскиот Конгрес вчера го одобри предлог законот на демократите за полицискат реформа, испраќајќи ја одлуката до Сенатот и покрај противењето на претседателот Доналд Трамп и неговите републикански сојузници.

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close