МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

26 јуни 2020

26 јуни 2020

– Од денеска целосно се отвораат сите гранични премини во државата со што македонските државјани и странците ќе можат непречено да се движат без обврска за ПЦР-тест и државен карантин.

– Земјава се соочува со бран на вирусот посилен од првиот. Нови 135 случаи на заразени од КОВИД 19 регистрираше вчера Министерството за здравство. Здравствениот билтен евидентираше и шест починати лица и 75 оздравени пациенти.

– Поранешниот шведски премиер, Карл Билт, изјави дека косовскиот претседател Хашим Тачи ќе биде уапсен доколку се потврди обвинението против него.

– Од 1 до 14 јули во 19 локални заедници на поширокото подрачје на Лисабон ќе бидат во сила вонредни мерки поради епидемијата со новиот коронавирус, соопшти португалската Влада.

– Демократскиот кандидат за американски претседател Џо Бајден го осуди актуелниот претседателот Доналд Трамп за неговите напори да го укине Обамакер, обвинувајќи ги републиканците за загрозување на достапноста до здравствената заштита на милиони Американци среде пандемијата на коронавирусот, пренесе Хина.

Back to top button
Close
Close