МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

25 јуни 2020

25 јуни 2020

– Засега остануваме на нашиот основен план, вели портпаролот на грчката Влада Стелиос Пецас, одговарајќи на прашањето на дописничката на МИА од Атина на редовниот брифинг со новинарите, во однос на тоа дали остануваат на првичниот план за отворање на копнените граници на 1 јули.

– Апелацискиот суд Скопје ја укина ослободителната пресуда за случајот „Тревник“ против новинарот Драган Павловиќ-Латас и неговите браќа Срѓан и Звездан Павловиќ.

– Од среда, 1 јули целосно ќе бидат отворени за сообраќај двата аеродрома во земјава, а во моментов се работат протоколите за работа на аеродромите, потврди денеска министерот за транспорт и врски Горан Сугарески.

– Претседателот на Европскиот Совет, Шарл Мишел, утрово оствари средба со косовскиот премиер, Авдулах Хоти, за кого ова е прва официјална посета на Брисел и ЕУ, јави дописничката на МИА од Брисел.

– Европскиот суд за човекови права од Стразбур ја осуди Франција поради административен, а потоа и „експедитивно враќање“ на Коморите на две деца од 3 и 5 години кои влегоа нелегално во Мајот, јави дописникот на МИА.

– Пандемијата со новиот коронавирус го зголемува ризикот од трговијата со дрога, оцени денеска Агенцијата на Обединети нации против дрогата и криминалот (УНОДЦ).

 

 

Back to top button
Close
Close