МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

25 јуни 2020

25 јуни 2020

– Министерството за здравство во изминатите три години интензивно работеше на подобрување на условите во јавно здравствените установи, со цел поквалитетна здравствена услуга за пациентите и подобри услови за работа на здравствените работници. Реализирани се капитални инцестиции во реконструкции и инфраструктура во 32 здравствени установи ширум земјата.

– Советот на амбасадори укажува дека претстојните парламентарни избори чија предизборна кампања веќе започна за кои мора да постои јасен и неутрален мониторинг, ќе треба да се одржат во слободна и фер атмосфера со почит и спроведување на задолжителните здравствени протоколи, наведува Советот во соопштение.

– Со цел да се утврди стапката на имунитет кај населението, Националната организација за јавно здравје на Грција во соработка со Министерството за здравство, почна тестирање за присуство на антитела на Ковид-19, јави дописничката на МИА од Атина.

– Советот на Европска Унија соопшти дека Конференцијата за иднината на Европа ќе се одржи откако ќе дозволи епидемиолошката ситуација“.

– Њујорк, Њу Џерси и Конетикат побараа луѓето кои патуваат од држави со висок ризик на Ковид-19, да бидат во самоизолација 14 дена.

Back to top button
Close
Close