4 мај 2020

-Со полагање цвеќе пред споменикот на Гоце Делчев во Струмица беше одбележана 117 годишнината од загинувањето на апостолот на македонското револуционерно движење.

– Делегација од Кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија, денеска положи цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Свети Спас“, и пред споменикот на Делчев во Градскиот парк во Скопје, по повод 117-годишнината од неговата смрт.

– Владина делегација предводена од вицепремиерката и министер за одбрана Радмила Шекеринска денеска положи цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата Свети Спас во Скопје по повод 117-годишнината од смртта на македонскиот револуционер.

– Министерството за здравство соопшти дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 47 оздравени пациенти и тоа во: Скопје-9, Куманово-9, Прилеп-8, Тетово-13, Охрид-1, Гостивар-5, Кочани-1 и Крива Паланка-1. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина еден пациент од Скопје на 65-годишна возраст, хоспитализиран на клиниката од 27 април.

– Членови на раководствата на Демократскиот Сојуз на Косово (ЛДК), Алијансата за иднината на Косово и Социјалдемократската иницијатива (Нисма) се собраа денеска во седиштето на ЛДК за да ги разгледаат можностите за реализирање на договорот кој го постигнаа за формирање на новата влада на Косово, јави дописникот на МИА од Приштина.

– Француската Влада денеска се најде на удар од критики и прашања околу планот за постепено ублажување на мерките за изолација, најавен за 11 мај.

– Кина и Русија ја користат пандемијата на коронавирус за да ги промовираат своите интереси во Европа, изјави денеска американскиот министер за одбрана Марк Еспер, оценувајќи ја кинеската промоција на телекомуникациската опрема на „Хуавеј“ како „злонамерна“.

Back to top button
Close
Close