МИА Радио флешПакети

МИА Радио флеш

14:30/1 октомври 2020

14:30/1 октомври 2020

– За влез во Словенија на државјани од трети земји, меѓу нив и на Северна Македонија, ќе биде потребен негативен ПЦР тест не постар од 48 часа, објави словенечката Амбасада во земјава.

– Министерството за здравство соопшти дека и денеска на Меѓународниот ден на лицата со Гоше ја нагласува својата заложба за понатамошно подобрување на здравствените и социјални услуги за пациентите со ретки болести.

– Министерот за финансии Фатмир Бесими смета дека во актуелната ситуација што ја предизвика ковид-кризата, добро е што финасискиот сектор е стабилен.

– Мошне важно е што преку досегашните мерки на Народната банка во текот на ковид-кризата се спречи намалување на кредитната поддршка, со цел и да се помогне на реалната економија, истакнува гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска.

– Северна Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора и Србија се дел од денешниот интернет состанок што го организира ФАО во врска со африканската свинска чума.

– Законот за буџет денеска е прикачен на „Енер“. Секој може да се вклучи во јавната расправа. Се работи за реформски закон, усогласен со неколку европски директиви, информира денеска министерот за финансии Фатмир Бесими на состанокот со Македонската банкарска асоцијација.

– Во Србија и понатаму не стивнуваат реакциите по изјавата на членот на владиниот кризен штаб, епидемиологот Предраг Кон, дека во периодот од март до јуни имало три пати повеќе починати од Ковид 19 откоку што официјално било соопштено, јави дописникот на МИА од Белград.

– Најмалку осум лица загинаа, а 10 се хоспитализирани откако серија шумски пожари зафатија дел од источниот украински регион Луганск, соопшти денеска службата за итни случаи.

– Италијанската Влада размислува за продолжување на вонредната состојба во услови на пандемија на коронавирус до 31 јануари, објавија „Ил Месагеро“ и „Кориере дела Сера“.

– САД планираат да и продадат на Швајцарија 40 авиони-ловци Ф/А-18ЕФ „Супер Хорнет“ и 40 авиони бомбардери Ф-35 од петта генерација, во вредност од околу 14 милијарди долари, соопшти американската Агенција за одбрана и соработка.

– Истакнат белоруски опозициски активист, притворена иранска адвокатка за човекови права, заедно со активисти од Никарагва и САД, се годинашниве добитници на Наградата за правилна егзистенција (Right Livelihood Award), која се смета за алтернативна Нобелова награда, соопшти денеска фондацијата за доделување на тоа признание.

– Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека земјата следната година ќе прифати рекордно ниско ниво од не повеќе од 15.000 бегалци, и покрај растечкото раселување низ целиот свет, зајакнувајќи ја својата цврста позиција еден месец пред изборите.

Back to top button
Close
Close