МИА Општински пулПакети

МИА Општински пул

23 јуни 2020

23 јуни 2020

Скопје, 23 јуни 2020 (МИА) – Измените на Правилникот за висината на надоместокот за извршените работи на Државниот инспекторат за земјоделство (ДИЗ) што ги усвои Владата на вчерашната седница се направени со цел малите производители на вино кои имаат фамилијарни винарии да бидат ставени во законска рамка, велат од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ).

Скопје, 23 јуни 2020 (МИА) – Поради дефект на огрлица ф-100 на улицата „3“ во Трубарево, прекинато водоснабдување денеска ќе имаат корисниците од Трубарево.

Гевгелија, 23 јуни 2020 (МИА) – Општина Гевгелија и јавното претпријатие „Комуналец“ одлучија да ги зголемат субвенциите за комуналните услуги на граѓаните од ранливите категории од 500 на 650 денари на месечна основа, потврди денеска општинската служба за односи со јавноста.

Скопје, 23 јуни 2020 (МИА) – Заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа утре без напојување со електрична енергија ќе останат дел од корисниците од општините Кисела Вода и Ѓорче Петров, соопштуваат од РЦУК – Скопје.

Во периодот од 07:30 до 08:30 часот без струја ќе бидат корисниците од ул. „Христо Татарчев“ бр. 21А., Општина Кисела Вода.

Во периодот од 09:00 до 11:00 часот струја ќе немаат корисниците од ул. „Христо Батанџиев“ згр. 13, ул. „Мајски Манифест“ од бр. 1 до бр. 15, ул. „Христо Батанџиев“ бр. 11, бр.80, зграда 11 и зграда 15 на ул. „Христо Батанџиев“, Општина Ѓорче Петров, а од 12:00 до 14:00 часот дел од корисниците од ул. „Радушка“ (објекти до Парк во Ѓорче Петров), ул. „Христо Батанџиев“ од бр. 1 до бр. 21, Општина Ѓорче Петров.

Back to top button
Close
Close