МИА Општински пулПакети

МИА Општински пул

22 јуни 2020

22 јуни 2020

Скопје, 22 јуни 2020 (МИА) – Речиси три пати пониско од просекот за јуни е нивото на Вардар кај Јегуновце, покажуваат денешните хидролошки мерења.

Под просекот, со скоро двојно преполовени вредности, се Треска кај Македонски Брод, Крива Река кај Крива Паланка, Лепенец кај Скопје, Црна кај Новаци, Струмица кај Ново Село и Сатеска кај Ботун.

Тетово, 22 јуни 2020 (МИА) – Организаторите на традиционалниот Лешочки фолк фест инфомираат дека одржувањето на оваа музичка манифестација се планира на 27 август како секоја година во манастирскиот комплекс Свети Атанасиј и Пресвета Богородица во Лешок. Затоа е објавен и конкурс на кој ќе можат да се пријават заинтересираните изведувачи за учество на фестивалот.

Струмица, 22 јуни 2020 (МИА) – Во населеното место Вељуса во тек е изградбата на на канализациски систем во должина од 7,5 километри. По населените места Дабиле и Просениково, ова е трет канализациски систем којшто се изведува во овој период во нашата општина.

-Инвестицијата е поддржана од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој со 16 милиони и 500 илјади денари, а учествуваме и ние со проект и друга поддршка која е неопходна за реализација на ваков тип на проекти, додаде градоначалникот Јаневски.

Back to top button
Close
Close