МИА Општински пулПакети

МИА Општински пул

19 март 2020

19 март 2020

Гевгелија,19 март 2020 (МИА) – Според донесената одлука од страна на општинскиот кризен штаб и Советот за превенција, од денеска на терен во општина Дојран излегоа мобилните тимови кои ќе им помагаат на старите и изнемоштени лица и граѓаните од ранливите категории во примената на мерките за заштита од Ковид-19.

На локалните маркети и аптеки им се препорача да забранат влегување на граѓани без заштитни маски и ракавици, да го ограничат бројот на луѓе кои моментно се наоѓаат внатре, секој најдолго да се задржува во објектот до 10 минути и редовно да се врши дезинфекција.

Берово, 19 март 2020 (МИА) – Четириесет и едно лице на територијата на Општина Берово, поради коронавирусот се наоѓаат во самоизолација. Ова го соопшти д-р специјалист епидемиолог Сузана Каракашева, која истакна дека самоизолацијата е задолжителна превентивна мерка од коронавирусот за овие лица.
– Засега, ниту едно од лицата нема симптоми на вирусот. Повикувам сериозно и одговорно, сите лица кои во изминатиот период патувале во некоја од земијте кои се високоризични или средноризични, да се самоизолираат, истакна Каракашовска.

Штип, 19 март 2020 (МИА) – Во општините во источниот регион во самоизолација се повеќе од 250 граѓани, информираше преку писмено соопштение, портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова.

– Полициските службеници на подрачјето на СВР Штип вршат засилена деноноќна обиколка и контрола на вкупно 10 граѓани со Решение за домашна изолација од Државниот здравствен и санитарен инспекторат и на 246 граѓани со потпишана изјава за самоизолација кои, доколку ги прекршат дадените препораки, ќе бидат санкционирани согласно чл.205 и 206 од Кривичниот законик, се вели во соопштение од СВР-Штип.

Скопје, 19 март 2020 (МИА) – Мобилни тимови денеска во Општина Пласница делеа 10.000 заштитни маски и ракавици, донација од градоначалникот, Исмаил Јахоски. На сите ранливи групи, стари и изнемоштени лица, хронично болни и семејства на лица со попреченост, во исто време ќе им биде донирана помош и во прехранбени производи.

 

Back to top button
Close
Close