МИА Општински пулПакети

МИА Општински пул

4 јуни 2020

4 јуни 2020

Штип, 4 јуни 2020 (МИА) – Со посебна владина уредба сите штипски текстилни и кожарски фабрики за време на карантинот целосно ќе го запрат производството. Оваа уредба е донесена денеска, а ја презентираше градоначалникот на Општина Штип Благој Бочварски на денешната прес-конференција, откако синоќа реагираа работниците, невладината „Гласен Текстилец“ и тој до Владата, да се донесе посебна уредба за Штип.

Охрид, 4 јуни 2020 (МИА) – Националниот парк „Галичица“ како една од најпосетените туристички дестинации во земјата периодот на ограничено движење наметнат од епидемијата на коронавирусот го искористи за ревитализација на патеките во рамки на паркот во вкупна должина од 202,6 километри, како и за обновување на информативните табли и патокази.

Кочани, 4 јуни 2020 (МИА) – Земјоделците во кочанскиот регион ја завршија овогодишната сеидба на оризот на околу 3.500 хектари, што е за дваесетина отсто помалку во однос на планираното.

Од водостопанската подружница „Брегалница“ информираа дека причина за намалувањето на површините е неповолната хидролошка состојба во текот на зимскиот и пролетниот период, како и потешкотиите со големата влага во почвата на одделни полиња, што ги оневозможи земјоделците навреме да ги обработат и подготват нивите за претстојната сеидбена сезона.

 

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close