МИА Општински пулПакети

МИА Општински пул

3 јуни 2020

3 јуни 2020

Скопје, 3 јуни 2020 (МИА) – Во рамки на проектот „Зголемување на пристапот и партиципацијата на учениците Роми до квалитетен ран детски развој и основно образование“ денеска се додели помош за 93 ученици Роми од второ и трето одделение кои се дел од програмата за туторска поддршка во Шуто Оризари. Обезбедени се 93 таблети и интернет ваучери од 10 ГБ за 93 ученици кои не беа во можност да следат онлајн настава.

Делчево, 3 јуни 2020 (МИА) – Јавната локална библиотека „Илинден“ од Делчево ги додели наградите за најдобрите читатели. Како награда за редовноста во изминатата година од страна на библиотеката како што информираше директорката Билјана Петровска тие добија подарок книги.
-Традиционално и годинава ЈЛБ „Илинден“ избира и ги наградува своите најредовни читатели. Минатата година многу приказни или книги прочитаа голем број наши членови, меѓутоа ние избравме тројца читатели од различна возраст кои сепак беа најредовни и прочитаа најмногу. Тоа се од најмладите Милена Начовска, потоа Снежана Георгиевска, и од нашите повозрасни читатели читателката Соња Стоименовска. Тие денеска се наши гости во библиотеката, за што како награда ќе добијат книги, истакна Петровска.

Крива Паланка, 3 јуни 2020 (МИА) – Без почитување на препораките и мерки за заштита од КОВИД-19 синоќа полициски службеници правеле забава во кратовското село Куклица.

Според информациите од Секторот за комуникација со јавност на Министерството за внатрешни работи, настанот се случил синоќа, околу 21 часот, кога бил пријавен во полиција.

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close