МИА Општински пулПакети

МИА Општински пул

2 јуни 2020

2 јуни 2020

Гевгелија, 2 јуни 2020 (МИА) – На подрачјето на градот Гевгелија и неговата поблиска околина се изврши второто ларвицидно прскање против комарци со посебно внимание на површините со неистечна вода каде комарците имаат идеални услови за размножување.

Скопје, 2 јуни 2020 (МИА) – Градоначалникот на Центар Саша Богдановиќ денеска се сретна со претставници на угостителите од општината, со цел успешно и ефикасно организирање на работата на угостителските објекти во услови на криза. На состанокот присуствуваа и инспекциските служби од општината, командирот Милисав Мијаличиќ од Полициската станица – Центар и главните инспектори од СВР – Скопје.

Скопје, 2 јуни 2020 (МИА) – Не треба да импровизираме кога е Ковидот во прашање, туку да се придржуваме на препораките и барањата што ги има Комисијата за заразни болести, нагласи денеска градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов.

Тој, одговарајќи на новинарско прашање дали кризниот штаб размислува за некакви мерки, доколку дојде до ситуација да се стави Скопје повторно во карантин, информира дека се работат сите сценарија што се неопходни. Институционално, вели тој, се надева дека ќе се успее да се воспостави контрола.

Back to top button
Close
Close