МИА Општински пулПакети

МИА Општински пул

11 март 2020

11 март 2020

Струмица, 11 март 2020 (МИА) – Малите хидроакумулации во Струмичко преливаат, а големите интензивно се полнат по последните обилни врнежи од дожд, информира Лазо Ѓоргиев, директор на АД „Водостопанство на Македонија“ – Подружница „Струмичко Поле“ од Струмица.

– Засега прелива акумулацијата „Новоселка“, а на „Иловица“ и „Маркова Река“ им недостасуваат неколку санитеметри за да прелијат и тие. Покрај нив интензивно се полни најголемата хидроакумулација „Турија“, во која само за една седмица дотекоа над еден милион и двесте илјади метри кубни вода. Во неа сега има над 21 милиони кубни метри вода, а нивото на „Водоча“ е зголемено за три сантиметри, вели директорот Ѓоргиев.

Куманово, 11 март 2020 (МИА) – Затворениот градски базен во Куманово нема да работи наредните 14 дена.

Надлежните од јавното претпријатие „Чистота и зеленило“, под чии ингеренции е градскиот базен, велат дека базенот нема да работи согласно последните забрани за користење на секаков тип на пливачки базени во државата за период од 14 дена, согласно заклучоците на Владата за превенција од ширење на коронавирусот.

Скопје, 11 март 2020 (МИА) – Нивоата на повеќето реки во земјава кај кои денеска се вршени хидролошки мерења, покажуваат вредности повисоки од просекот за март.

Според УХМР, покачувања има на Вардар кај Скопје, Велес и Демир Капија, на Треска кај Македонски Брод, на Пчиња кај Пелинце, на Струмица кај Ново Село и на Сатеска кај Ботун.

Делчево, 11 март 2020 (МИА) – Општина Делчево започнува активности за поставување канализациска мрежа во населба Басарица. Градежните работи како што информираат надлежните, започнуваат по 15 март, до кога жителите од оваа населба треба да ги обезбедат потребните приклучоци за водоводната, фекална и канализациска мрежа.

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close