МИА Општински пулПакети

МИА Општински пул

5 aвгуст 2021

Велес 5 aвгуст 2021 (МИА) – Општина Велес упатува апел до граѓаните на Велес и околните населени места, како и на жителите на општините Чашка и Градско, да бидат крајно внимателни при движење во природа и јавните зелени површини.

Од општината замолуваат граѓаните да покажат високо ниво на совесност со оглед на актуелната ситуација со големите пожари кои ги зафатија речиси сите краеви на државата.

Битола, 5 август 2021 (МИА) – Градоначалничата на Битола Наташа Петровска го активира општинскиот штаб за заштита и спасување со цел навремено преземање на координативни и превентивни мерки за заштита од пожари.

На состанок во тамошната локална самоуправа учествуваа претставници од ТППЕ Битола, СВР Битола, Центар за управување со кризи, Дирекција за заштита и спасување, ЈУ НП Пелистер и ШС „Кајмакчалан“.

Скопје, 5 август 2021 (МИА) – Дел од куќите во Балабанско маало се изгорени, а зафатени се и куќи во Курјачко маало во пожарот што го зафати делчевскиот крај. Се евакуираат жителите и покуќнината.

Според изјави на жителите, не може да се влезе во маалото бидејќи тоа е целото зафатено од пожарот.

Скопје, 5 август 2021 (МИА) – Голем дел од пожарите во државата се уште се активни. Пожарот кај селото Девич во охридскиот регион е ставен под контрола, а во Пехчево уште е активен и се шири кон селата Робово, Умлена и Чифлик. На терен се пожарникарите, припадниците на Армијата, а во секој момент се очекува да пристигне и специјална ПП единица од Словенија.

Како што информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК) согласно состојбата со активни пожари до 13 часот, уште е активен пожарот во штипскиот регион, во атарот на селото Нов Истевник, кај маалото Пасјак.

Тетово, 5 август 2021 (МИА) – Општина Тетово ги извести и предупреди граѓаните за локално невреме со силен дожд и ветер денеска попладне за што сознанија добиле од Центарот за управување со кризи.

Воедно информираат дека се преземени мерки за спречување на поплави низ градот.

Скопје, 5 август 2021 (МИА) – Град Скопје ќе им додели парични награди од 10.000 денари на 194 пожарникари кои се дел од три екипи што со три возила на Противпожарната бригада на Градот, придружувани со три цистерни вода, учествуваат во гаснењето на пожарите што ја зафатија Република Северна Македонија.

Од прес-службата на Град Скопје информираат дека паричните награди им се доделуваат заради нивниот вонреден ангажман во гаснењето на пожарите и вон територијата на градот, односно нивната пожртвуваност да им помогнат на жителите и на сите други учесници во гаснењето на огнената стихија што ги зафати Старо Нагоричане, Кочани и Пехчево.

Кичево, 5 август 2021 (МИА) – Во Општина Македонски Брод заврши теренската вакцинација со која беа обиколени сите села во општината, а од вчера започна и ревакцинацијата на населението која ќе се одвива во наредните две  до три недели, потврди Жарко Симески, директор на Здравствениот дом во Македонски Брод.

-Од 12 јули ја започнавме теренската вакцинација во нашата општина и заклучно со вчерашниот ден, во руралните средини се вакцинираа вкупно 360 граѓани. Бидејќи е исполнет условот, тие што први се  вакцинирале да можат да бидат ревакцинирани, наша екипа започна со апликација на втора вакцина за ова население. И двете вакцини со кои се имунизираат овие лица се од кинески Синовак, изјави Симески.

Битола, 5 август 2021 (МИА) – Општинската комисија за реализација на претстојниот попис во пописен реон број 20, што го опфаќа подрачјето на Општина Битола информира дека јавниот конкурс за ангажирање на реонски попишувачи и инструктори место до денеска, ќе трае до 12-ти август.

Јавниот конкурс е објавен во седиштето на комисијата на пописниот реон, на веб-страната на Државниот завод за статистика www.stat.gov.mk и popis2021.stat.gov.mk , како и на веб-страната на Општина Битола https://www.bitola.gov.mk/конкурс-за-попишувачи/.

Охрид, 5 август 2021 (МИА) – Амбасадорката на САД, Кејт Брнз, денеска имаше работна посета на Јавната установа „Национален парк Галичица“, при што се запозна со работата на Националниот парк, управувачката структура, проектите и процесите што се имплементираат во установата како и нејзината улога во активностите поврзани со препораките на УНЕСКО нотирани во двата последни извештаја.

Американската амбасадорка беше запозната и со следните планирани активности на ЈУНПГ во поглед на препораките на УНЕСКО, но и активностите што институцијата ќе ги презема согласно Планот за управување со Националниот парк „Галичица“ за периодот 2021 – 2030 година.

Скопје, 5 август 2021 (МИА) – Во тек е изградбата на новиот мост на реката Вардар во Аеродром, на булеварот „АСНОМ“. Општините Аеродром, Гази Баба и Центар наскоро ќе бидат поврзани со нов мост и модерно булеварско решение што ќе го растовари сообраќајот во овој дел од Скопје.

Како што соопштија градските власти, пред неколку дена булеварот „АСНОМ“ почна да се гради и пробива и низ населбата Ќерамидница, кон Аеродром.

Ресен, 5 август 2021 (МИА) – На територијата на општина Ресен ќе се прави листа со специјални возила кои можат да се вклучат во справување со пожарите.

Ова беше еден од заклучоците на денешниот состанок на градоначалникот Живко Гошаревски со претставници на шумската полиција, шумското претпријатие, полицијата, ловното друштво, јавното комунално претпријатие „Пролетер“, Центарот за спасување и заштита, Дирекција за заштита и спасување, инспекторските и ренџерските служби кој, како што информираше градоначалникот, се одржал поради алармантната состојба со пожарите на територија на државата.

Пехчево, 5 август 2021 (МИА) – Пожарот во пехчевско се прошири кон патот Делчево – Пехчево и зафати дел од блиската шума во атарот на селото Црник. Поради новонастанатата ситуација повторно е во прекин сообраќајот во правец од Делчево кон Пехчево.

– Забраната за движење важи од 11 часот на повеќе локации имаме наши екипи кои го упатуваат населението кон алтернатнивниот патен правец преку селото Бигла, информираат од полицијата во Делчево.

Скопје, 5 август 2021 (МИА) – Без вода денеска од 10:00 часот се корисниците од улиците „Кленоец“, „Владимир Каваев“ и „Пресека“.

Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи-Скопје, прекинот е поради дефект на огрлица ф-80мм на улицата „Кленоец“ бр.22.

Корисниците ќе бидат без вода се до санирање на дефектот.

 

 

Back to top button
Close
Close